Час по антропологија (науката за човекот)
Денес е Ѓурѓовден. Свети Ѓоргија го славиме, зашто ламјата ја победи. А каде е ламјата?
Човекот има три нивоа. најниското, кое е ламјата – делот гладен за задоволства и поседување.
Над него е лавот – суетата и желбата за победување и успеси.
Над лавот е човекот. Во најлошата варијанта ламјата владее со останатите, тоа се најнесреќните луѓе.
Во најдобрата, човекот го припитомува лавот, за заедно да ја победат ламјата. Со тоа се отвора патот кон божественото во него. Да го славиме свети Ѓоргија и да си посакаме упорна и успешна борба со ламјата . Убав ден на сите!
Посетено 1.442 пати