Бензиска аптека

Седиме денес ја и Саше у тетрапак кафаната на Рамче и као субјективни посматрачи,
низ дијалог, праиме ретроспективна анализа на личностите од наше маало,
да не речам – оговараме.
-А бе знаеш дека Славе пумпанџијата со новиот закон ќе го поебат?
-Зошо?
-Па, на бензиски пумпи дозволиле да се продаваат лекои?
-Не заебаај!? Алал нека им е.
-Зошо алал нека им е?
-На крај ќе ти кажам, најнапред слушни ја дешавкава…

На времето, ми даа Дотка моја едно ливче ко со нога напишано и ми вика:
-Иди земи го ова од аптека.
Се учипујам у она аптеката под Градска болница, мислам беше “1-ви Мај”,
и го пружам ливчето на аптекарката и и` велам:
-Може едно пакување?
-Уф…колку е лошо напишано…Stavikol, Stavikokol или Staviјаnakol ви треба?
-Е јебига, и треба на онаа мојата….си мислам: ако е до мене,
би го избрал она последното .
-Не се исти?
-Не. Првиот ви е за болни менструации, другиот за шуљеви а третиот за
жуљеви… не можам да ве услужам.
У пизду материну. Треба сеа да се враќам дома, пошо у тоа време не беа
измислени ова мобилниве. Пут под ноге и дома.
-Добро ма шо ме дупиш? Напиши читко шо лек ти треба.
-Почитко од ова амин…види, фино и пишуе на таа гуската у аптеката, Stavikil.
Stavikil не постои као лек!
-Добро бе, добро…Stavikol…Aj, срце си, тркни уше еднаш.
Нервозен ко лептир, шо би рекол Бајага, зиам ливчето и повторно, цел радосен,
уше од врата извикујам у аптека:
Stavikol!
-Tакаааааа…маст, апчиња или капки?
-Е јебига!…Па ли ќе се враќам?
Решаам да се жртвујам ко партизан у 41-та али на излагање, за сваки сличај,
kо секој паметен, потпрашујам:
-Да не има и крема?
-Не!
Нервите ми работат брже неко жиците од гитарата на Пако. Се тресам ко
лажен сведок. Псујам низ зуби ко коа ќе ми пуштат реклами на куп шампиони.
Доаѓам дома а мојана ја боли цицка. Глеа Династија.
-Шо пиеш ма ти?
-Еве, ликерче си турив дур глеам…
-Море, гони се у пизду материну…пиеш капки, апчиња или се мачкаш?
-Апчиња бе…и дај не ме замарај…види шо му праи оваа Кристл на
Карингтон…цццц!?
Се враќам у “1-ви Мај”.
-Ооооооо, дојдовте? Многу бргу?…Апчиња, капки или маст?
-Апчиња!
-Од колку? 30 или 60 Мg.?
-???
-30 или 60 Mg?
-А у пизду материну! Дај ми и маст, и апчиња, и капки, и оние од 30, и оние
од 60 Мg, и оние од црвените, и оние зелените…и две опаковка Кафетин.
Глеам на Саше нишо не му е јасно. Сигурно си мисли…шо има врска
приказнава со лекови на бензиска?
-И?- прашуе Саше.
-Шо “и” бе Саше? Шом дозволиле лекови да се продаваат на бензиска
многу бргу ќе биде нормално у аптеки да се продаваат аутоделови –
акумулатори, гуми, бандажи, свеќички…
-Можно е! И?
-И спремам врачка на Дотка.
-Како?
-Деноиве ми се поеба баланштанглата па ќе ја пратам у дежурна аптека да
ми купи. Ќе и напишам само едно ливче на кое ќе стои – “баланштангла”.
-За Ладата или Фичото? Предна, лева или десна? Италијанска или…
-Све, ама све ќе испита Дотка коа ќе иде у набавка…Ипак, одмаздата
ќе биде потпуна коа ќе ја видам како влечка 7-8 типа баланштангли…
Ко ја лековите за неа. Нели?

Бата Џанго

Посетено 3.262 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!