АНТИ-СТРЕС БАТЕРИЈА

Седам на клупа над стазата на кеј anti stres_zokipanker
и чекам некој да падне од точак или ролерки
па да му фатам сеир
а за тоа време лижам една батерија за даљинско од 1,5 V.
Не знам зошто ама ми се свиѓа тој метално-кисел вкус
а и многу ми е анти-стрес занимација.
До мене седнува некоја безвезе девојка ,
за две глави повисока и 100 кила потешка од мене
„што правиш ?“ – ме прашува
„еве, лижам батерија“
„може да пробам, никогаш порано не ми текнало“
„ок, еве ти“
Лизна – „еј ова вкусно било“ – и ја ГОЛТНА
„што направи ма, ми ја изеде омилената батерија???“
„извини, се испозанесов“
„аа не може така, мора да ми вратиш некако“
„како ?“
„дај ми ја патиката“
„добро , ферски е“
Ми ја даде, ја лизнав и иако имаше гаден вкус
на усмрдени чорапи за инает ја изедов.
„и сега што да правам само со една патика,
види ме на што личам?“
„смешна си, дај ми ја и другата“
Ми ја даде, и неа ја изедов.
„него ќе дремеш тука како клошар
или да идеме кај мене, маж ми е на пат
па може да гледаме некој филм?“- ме прашува
„ај ќе идеме и онака мака ми е од патикиве,
треба да ги переш понекогаш“
Отидовме, пушти некој добар аргентински филм
ама „ете го тој доаѓа маж ми, му ја слушам колата“
-успаничено се разџавка
„јас ништо не слушнав“
„ма јас од километар го препознавам звукот,
ќе мораш некаде да се скриеш“
„кај да скријам ма, под кревет, во шифоњер?“
„не, таму прво ќе бара“
„леле, и сега???“
„ај ќе те голтнам, па после кога ќе биде безбедно
ќе те повратам“
„еј ама ти е идејава!!..ама ако нема ништо попаметно…“
И така, ја зина огромната уста и ме голтна.
Уфф која темница е кај неа во стомак,
прст пред око не се гледа
а и лошо мириса, да не кажам одвратно
Го палам упаљачот и живи радости,
си ја наоѓам батеријата, ми дојде душата на место,
ја подзачистив и таман пред да ја ставам во уста
осеќам како некој ме тапка за рамо.
Се вртам и во мене буљи некоја непозната фаца,
полураспадната, гадна и смрдлива
„и тебе те заеба а?“- курнаски ме прашува
„што да ме заебе?“
„па те изеде “
„не бе , само ме голтна привремено“
„хаха глупак, и мене така ми кажа пред
неколку дена и еве ме сега, полу- сварен,
за ден-два цел ќе ме снема“
„а боли?“- прашувам помирен со судбината
„па не, само малку пече и е мнооогу досадно“
„е па не е страшно значи, а за досада немам проблем,
си ја имам мојата батерија за занимација“
-одговорив, ја ставив во уста и ете чекам
стомачните киселините да си го одработат своето

Посетено 577 пати