АЛМА ИДРИЗИ
Првто утринско кафе…мхммм денот ми почнува со истегнување, супер брзинско спремање и тргање за на работа… додека ги вртам педалите од синиот точак, по тазе испрсканите улици музиката веќе се слуша од Скопските кафетерии во кои веќе ги редат масите и столчињата, спремни за гости, а јас брзам за моето мммм највкусно капучино кое веќе ме чека на работа… почнувам со ритуалот и одма после првото го нарачувам второто и го пијам грицкајки си бадемчиња додека ја прегледувам поштата…
Саботите, ох колку ги сакам саботите во кои што утринското кафе го пијам под филигранскиот отсјај на сонцето во Скопската чаршија заедно со моите драги колеги од работилницата за филигран…А неделите пак ми се резервирани за утринско турско кафе, многу бои четки и цвеќиња околу мене …
Посетено 813 пати