Ако некој ти недостига, побарај го

Кога би ги отвориле сите карти на маса, играта која се вика живот би била играна многу поразлично.

ako-nekoj-ti-nedostiga-pobaraj-go-1

Но, луѓето искрено се навистина глупави, па не знаат дека доколку играат со отворена карта на искреноста би добиле се што отсекогаш посакуваат, како и личностите кои ги посакуваат.

Тоа е така бидејќи не постои човек кој би одолеал на искреноста, таа е толку убава и ретка, како дијамант.

Доколку се послужиме со неа, би добиле се што посакувале, би добиле разговори без конфликти, би добиле искрени извинувања или би ги поштедиле емоциите од нивно уништување.

На пример доколку партнерот не изневерил, а ние глумиме лудило на неповреденаличност, сами се повредуваме со сомнежот дека проблемот е во нас.

Замислете како би било доколку би се соочиле со партнерот и би го прашале која била причината за изневерување?

Би избегнале понатамошно гледање со лутина во очите, омраза, конфликти, самообвинување и слично…

Но, ние луѓето сме толку кукавици што се плашиме од се и реагираме бурно кога е предоцна, затоа послушајте ги овие совети и започнете да реагирате навремено.

Ако некој ти недостига, побарај го!

Ако некој сакаш да го видиш, покани го да се видите!

Ако сакаш да бидеш сфатен, објасни убаво!

Ако имаш прашања за било што, прашувај!

Ако сакаш нешто, побарај го или потруди се сам да го добиеш!

Ако сакаш некого, кажи му го тоа, можеби и тој некој те сака тебе!

Ако сакаш искреност од секој, не лажи никој!

И најважно од се, не прави го она што не сакаш да ти биде направено, бидејќи доколку сите би го почитувале ова, светот би бил совршено место за живеење.

Биди промената која сакаш да ја видиш во светот…

Зошто да биде комплицирано кога вака може да биде едноставно?

Посетено 6.620 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!