Ако не сум машко, не значи дека не можам да ти го закачам

ako-sum-zensko-ne-znaci-deka-ne-mozam-da-ti-go-zakacam-1

Влагам така у еден ноќен клуб во Скопјево ваше,
а јас Битолчанка.
Кога пишувам вака на моменти со скопски акцент сфаќам дека ова вашево е заразно исто како и тоалетите во вашите кафичи.
Али јебига ќе се излечам, тоа е тоа, сфатив дека скопското се учи, битолското треба да ти биде вродено.
Па затоа сега ќе ви акнам со еден битолски акцент, за да ја сетите разликата.
Веќе ја сетивте, нели?
Не е битно…
Седнувам на сепаре, цело со дупки, кога гледам една коза качена со вискито в рака, Џек Даниелс на маса, сигурно е богата си викам, ама богата со искуство.
Чим се курчи вака на сепаре и се сељанчи мора да е од Свирипичино.
А овие дупките на сепарето сигурно се нејзино ремек дело, што би знаела друго освен да отвора дупки на секое сепаре тука?
Ја слушам друга коза вика од страна леле еве ми ја песната, беше една од Металика, си викам, оваа дома рока на Бугарките, а сега еве и ја песната.
Не е Азис ова девојче, Металика е, ало! Си реков во себеси и си поќутив.
Дојде келнерчето, згодно, фино, уште панталоните да не му висеа под гаќи, ама нема врска, ај се прифаќа чим е убав, простено му е.
Порачвам Скопско, а овај ми се чуди.
Што се чудиш бе сељак, шо ако сум чупе, сакам пиво, да пиво, неќам мартини!
Скопско вика, да му викам Скопско, нели со селани, ова де со Скопско се е можно.
Ми го донесе пивото отворено, си викам сигурно плукнал али океј и тоа нема везе исто како да сум го залапала.
Сигурно низ целата приказна не забележавте дека сама седев на сепаре, нели?
Епа сама седев оти понекогаш знам дека најубаво си поминувам кога ќе излезам сама, иако некој шутраци како вечерва секогаш сакаат да те придружат за да те ебат вечерта ова де да ти ја ебат вечерта.
Ми иди еден и ме прашува дали можел да ме части пијачка, си пивнав од пивото и го игнорирав.
Седна батецот до мене и ме праша повторно, му викам ми смрдиш на кабадаја, не те слушам.
Ми покажува кон пивото и го става прстот во градите, морав да се правам дека сега скопчав што сака бидејќи очигледно касно пали човекот и му реков дека не сакам, фала.
Ме праша зошто, а јас го прашав па зошто би ме частел?
За да сме се запознаеле….
Му реков дека сум зафатена и се одеба. Му пуштив пиво на маса од мене, за храброста и да види дека ако сум женско и седам сама не ми треба некој да ме части, а уште помалку да седни до мене без прашање.
Ако сакав сама ќе го викнев.
Конечно се беше океј, убаво музиче, во мое друштво, пивце, се под контрола, кога ми доаѓаат едни гуски со кило пудра на нив и две кила сало над фармерките.
Девојче ма, може ли да ни го препуштиш сепарето зашо сме повеќе девојчиња, ете има едно слободно место на шанкот.
А оти вие не одите на шанкот и да се менвате таму на тоа едното место, само пазете да не заглави некоја на столче после шо ќе прајме.
Се изреволтираа гуските и ми го викаат обезбедувањето, а не знаат дека ми се другари.
Еве оваа се закачаше со нас и не избрка од тука, си мисли дека нејзин е ноќниов клуб. Обезбедувањето ми се насмеа и ги понуди да стојат со нив на врата, кога гуските скопчаа што е муабетот.
Ти личиш на машко ми вика едната со тоа пивото во рака и дрскиот став, плус се закачаш со девојчиња како некое машко, девојче си зошто не се разбереме со убаво и да седнеме да пиеме заедно?
Ауу си викам во себеси, бог да сачува, никогаш.
Па што ако не сум машко, не значи дека не можам да ти го закачам!
Си заминаа, кај ќе одат…
Посетено 20.764 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!