Ако има господ!

kastro

Сакам во Куба, сега.
Не откако ќе скине Кастро и
Америте ќе им ја кастрираат суштината.
Не би се вратил во Германија во 37-ма
(тоа го живеам сега).
Всушност, не би се вратил во ниту едно време,
зашто на таквите како мене
ретко кога им било арно.
Сега и (не мора баш) овде.
Денешнинава е мајка на минатото
и умира при раѓањето на утрешнината.
Сакам во Уругвај, сега.
Сегашноста е сè – велам постојано,
чекајќи го денот кога некоја друга,
светла иднина ќе ми стане денес.
Највидните кога ќе станат невидливи,
кога сивата еминенција ќе облече сиви
затворски униформи.
Кога ќе запливаат оние што не виделе
гаќи за капење.
Наместо до гуша во гомна, до гуша во море.
Сакам поштените да видат бел ден,
а крадците кои нè силуваат веќе 22 години
да се усидрат онаму кај што им е местото
(со кугла врзана за глуждот)
на некој гол остров.

18.12.2013

Посетено 365 пати