А, од која партија си ти, извини?
Завршив факултет кој го сакав нормално без иднина во нашата држава
како и секој друг, но сепак сум перспективна личност со соништа
кои сакам да ги остварам, надвор од Македонија
кои немаат врска со факултетот.
Пред извесен период бев на натпревар по ораторство по иницијација на колегите од факултет, убаво сум пишувала, па затоа ме натераа да напишам два три збора и да го претставам нашиот факултет.
Кога ја слушнав темата на натпреварот, ми дојде да повратам – “За европска интеграција, наместо за европска миграција”.
Седев, се џарев во мониторот и не знаев што да напишам, а да не биде деградација на себеси бидејќи јас сум прва за миграција, наместо интеграција.
Всушност не ми смета таа интеграцијата, ама со држава како нашата и народ кој самиот не сака да се интегрира никаде, не верувам дека некогаш ќе го постигнеме тоа.
Решив да го пишувам текстот кога ќе се качам во автобус, по пат, имавме 2 часа до натпреварот, знаев дека за два часа ќе смислам барем нешто.
На крај смислив, деградација на себеси, но сепак вметнав нешто мое, ги вреѓав студентите, но на крај си ја кажав поентата и ја поддржав интеграцијата, наместо миграцијата.
Зошто го направив тоа, не знам ни самата, најверојатно за да не го разочарам факултетот и колегите.
Не е важно, она што сакав да ви го доловам во текстот е дека сум и тоа како за миграција бидејќи знам многу млади личности кои заминале и успеале надвор од тука.
Замислувањето на живот во Македонија ме гуши и ми предизвикува нелагодност, можам да останам тука, но не засекогаш, би умрела помеѓу ваков народ и ваква држава.
Причината за мојата фрустрација претставува ограничениот македонски менталитет, независно дали се работи за граѓанин или политичар.
Се караат за партии, гледаат определена телевизиска програма со причина што оваа била од опозицијата, другата од власта, бараат оставки, ако не си од партијата која им е нив омилена не си човек достоен за да живееш во Македонија и слично.
Ваквите работи ме фрустрираат, посебно кога мешаат партија со професија, партија со образование, партија со затвор, партија со сообраќајки, партија со вработувања, партија со студенти…
Листата е бесконечна, а јас не сакам да ја следам до крај, едноставно сакам да се изгубам од тука, се срамам што сум Македонка.
Откако го завршив факултетот со дипломата која може да ми користи како тоалетна хартија, сакав да отидам на пракса во банка, подигнав документи од факултет и заминав во локалните банки да барам дозвола за практикантство.
Не сакам да именувам која банка ја одбрав, но тоа што се случи во неа беше последната капка која ја прели мојата чаша.
Влегувам кај директорката со подготвено резиме и мотивационо писмо, се претставив себеси како дипломиран студент, кога оваа наместо да го разгледа резимето и мотивационото писмо, ми вика – “А, од која партија си ти, извини?”
Гледам позадината на слика ти е сина…
Како на шала го кажа ова, али јас знам да препознаам што беше навистина.
Од МОЈАТА партија сум, се сликаме на сина позадина за да ги смируваме будалите како тебе, бидејќи сината боја им ја ставаат во лудница на будалите, ги смирувала.
Ги фатив документите, ги затресив малку од прашината што падна врз нив од нејзиниот нос и си заминав…
Доколку и вие наидете на некој ваков, кажете му дека сте од партијата наречена “Имам мозок” и не сакам ниту една
партија да ми го еба*а на здраво!