А да ми кажеш дека ме љубиш, м?
А да ми кажеш дека ме љубиш, м?
еве пробај
велат дека повеќе боли неизговореното
дека те измачува и дроби
ти останува како залак
кој во грлото ти седи
ниту е да го плукнеш
ниту за да го проголташ
и само се мачиш
а башка што и мене ме измачуваш
ете
полесно би било да ми кажеш дека ме љубиш
некако
ма не знам како, смисли сам
наместо шах да играме
кој и онака не го сакаше
и да останеме со по една фигура
која не ни врши работа
еве јас попаметна ќе сум
или барем покротка од тебе
и ти ја предавам партијава
па ти како сакаш
а сепак поарно би било да ми кажеш дека ме љубиш
и не
не туку се смешкај сега дур ме читаш
и не туку диши ко да сум ти стапнала на градите
одмори го срцето
а и моево барем да здивне малку
и најди збор
или барем најди ми ја омилената песна
и така некако кажи ми
знаеш дека не сакам меѓу редови да читам
еве вака
ама токму вака
како јас тебе што сега ти кажувам
остави се’ по ѓаволите да оди
еден е животот
овој и сега
и батали го сето минато
ниту да ме гушиш со иднината сакам
сакам само да ми се насмевнеш
и раат да сум барем за миг
еј
а да ми кажеш дека ме љубиш?
м?
Посетено 3.914 пати