9 Причини Зошто Вашиот Страв “Ве Кочи”, Наместо Да Ве Мотивира
[fblike]Страв- тој воедно претставува најкорисното и најисцрпувачкото чувство од сите човечки емоции. Никој не го сака стравот. Тоа и не е за изненадување бидејќи во принцип стравот претставува непријатно чувство.
Нашиот ум и нашето срце се во постојана борба. Се препотуваме и се чувствуваме вознемирено. Стравот е создаден за да предизвика непријатно чувство. Како и да е, постои причина поради која ние го доживуваме стравот онака како што го доживуваме.
Ако правилно го протолкувате, стравот може да биде вашиот најдобар пријател, најдобар водич и најкорисна алатка со која ќе го обликувате светот според вашите желби.
Стравот прави да се чувствувате непријатно. Човечките суштества се суштества кои бараат удобност, секогаш сме во потрага по состојба на уживање.
Стравот е сигнал кој не ни дозволува да одмараме, се однесува за положбата во која сме, за ситуацијата од која се тетеравиме или ја создаваме. Стравот е оној кој не придвижува да создаваме промени, или барем тоа е она што тој треба да го прави.
За жал, стравот на повеќето луѓе е чиста глупост, еве зошто:
1. Не се сите стравови бесмислени, но повеќето од оние кои ги доживувате се
Како прво, луѓето чувствуваат страв, како и сите животни, кога се во опасност. Но, поради тоа што човечкиот род има развиено сложена психа, ние не се плашиме само од физичката опасност. Ние се плашиме и од работите кои можат да ја повредат нашата емотивна страна.
Проблемот е што повеќето од чувствата кои ги доживуваме се резултат на нелогичното размислување, со што и стравот е подеднакво нелогичен.
Ние го толкуваме она што го доживуваме, а вистината е дека често не толкуваме правилно. Или пак едноставно не го разбираме влијанието од потенцијалниот исход, од кој се плашиме.
Во секој случај, ретко имаме доволно добра причина да се плашиме од нештата кои нема да ни нанесат физичка штета. Но, сепак го правиме тоа.
2. Го користите стравот како изговор за да избегнете да го живеете вашиот живот на начин на кој знаете дека сакате да го живеете
Стравот може да ви претставува одлична потпора, зарем не?
Искуството не убедува дека постои нешто што ни кажува дека треба да го избегнеме она што претходно сме сакале да се обидеме да го направиме.
Сепак, како што претходно спомнав, овој страв не се однесува на крајниот резултат, туку на нашата претпоставка за тоа каков ќе биде тој краен резултат.
Стравот ни олеснува да најдеме логичко објаснување зошто не треба да ги правиме работите во животот за кои знаеме дека сакаме да ги правиме.
Веруваме дека сме исплашени со причина и сметаме дека тоа е доволно добра причина па затоа не е потребно понатамошно размислување.
Само оние кои сфаќаат дека сакаат нешто повеќе отколку што се плашат од неуспех, токму тие се оние кои на крај имаат потполна контрола над своите животи и можат да направат нешто за себе.
3. Трошите премногу енергија на стравот
Стравот троши многу енергија. Прави срцето да ви чука забрзано, а потните жлезди преку своите пори го разладуваат вашето тело- се потите.
А што е најлошо, стравот ја користи вашата умствена енергија. Стравот претставува повеќе психичка болка, отколку физичка.
Од физички аспект, нашите тела добиваат сигнали да дејствуваат, да се движат, да ги променат околностите. Од друга страна пак, нашите умови вообичаено не оставаат скаменети во една точка.
Вистинскиот проблем настанува кога сме исплашени, тогаш не реагираме. Наместо тоа, дозволуваме да останеме во таа положба која ни предизвикува страв. Преплашени сме, па го одложуваме донесувањето на потребните одлуки.
Сакаме нешто, но страв ни е да тргнеме по него. Само се муртиме и се давиме во сопствената мизерија.
4. Не успевате да создадете можности за самите себе
Можностите не се наоѓаат, тие се создаваат. Како и да е, она што можете да го најдете е можноста да создадете можности за самите себе.
Стравот е достапен во различни нијанси, степенот на страв на еден поединец не може да се подели со друг. За жал, ако еднаш дозволите стравот да ви стане навика, тој се всадува и во другите делови и шуплини во вашиот живот.
Стравот станува ваш начин на размислување. Почнувате да дозволувате да тапкате во место само поради стравот да бидете одбиени. Не барате нови искуства, не се дружите и разговарате со луѓето кои не ги познавате.
Се затворате во себе, понекогаш и емоционално и физички и сте принудени да се справите со неизбежните последици. Со други зборови, ние сами се насочуваме кон неуспехот од кој толку многу се плашиме.
5. Создавате негативна, безнадежна реалност за самите себе
Секогаш постои можност да се соочите со неуспех. На некој начин. Доколку пак ја оттргнеме можноста за неуспех со тоа што никогаш нема да се обидеме да успееме, во тој случај можеме да го избегнеме неуспехот, или во најмала рака, тоа е само она што ние го мислиме.
За тоа зборуваат постапките на повеќето луѓе, или пак недостатокот од нивните постапки.
Проблемот што никогаш не сте се обиделе да го промените вашиот живот е во вас затоа што почнувате да верувате дека вашиот живот не може да се смени. Создавате реалност која е потполно бескорисна. Ја губите надежта. Губите верба во светот и во самите себе. Започнувате да живеете во реалност во која не вреди да се живее.
6. Ја одбивате можноста да запознаете нови луѓе
Ако размислите подобро, стравот секогаш вклучува интеракција со луѓе, на еден или друг начин. Запознавањето нови личности може да биде страшно, го разбирам јас тоа многу добро. Јас никогаш не сум бил човек кој лесно склопува пријателства, и тоа е сосема во ред.
Не е потребно да имате илјадници и илјадници пријатели, бидејќи тоа не е возможно, особено ако зборуваме за вистински пријатели.
Еден од најважните аспекти во животот се токму луѓето кои не опкружуваат.
Избегнувањето да се соочите со осудувањето или неодобрувањето може да ви биде од корист само за кратко, секако ќе морате да го поминете тоа.
Тешко е да запознаете добри луѓе, особено кога вие се трудите да ги пронајдете. Ако не се трудите да барате, тогаш се осудувате себе на вечна осаменост.
7. Шансата за пронаоѓањето на идеалниот партнер станува нереална
Ако се откажувате од потрагата по љубовта на вашиот живот која ви е предодредена од судбината, тогаш само продолжете така. Но, очекувајте да наидете на неуспех.
Јас разбирам колку е тешко да излезете, колку е тешко да соберете храброст и да застанете пред непозната личност и да започнете разговор.
Исто така, го разбирам и стравот од обврски, од пребрзото обврзување и испуштање на другите можности.
Јас го поминав сето ова, а сигурен сум дека многумина од вас токму сега се на тој ред. Она што треба да ви е јасно е дека никогаш не можете со 100% сигурност да го знаете исходот од било која ситуација.
Понекогаш, едноставно треба да кажете ‘Носи се’ и да процените каде водат нештата.
8. Никогаш не ги усовршувате вештините кои ви се потребни за да го создадете животот кој го посакувате
Потребно е да доживеете неуспех за да научите, да ги развиете вашите вештини за еден ден да успеете- ова е универзално правило, без разлика за што и да се работи.
А единствениот начин да доживеете пораз е да го победите стравот од пораз. Нема поента да се плашите од неуспехот, тој понекогаш е загарантиран.
Тоа е исто како стравот од смртта- секако, не сакате да умрете денес, но ќе умрете еден ден, без оглед на тоа дали сакате или не.
Треба да ја избегнувате смртта по секоја цена, бидејќи од таму нема враќање, но тоа не може да се спореди со било што друго. Не можете да станете после смртта, но после неуспехот, секако дека можете.
Ако се плашите од поразот, тогаш се плашите и од учењето на потребните информации исто како и од нешта кои постојат само за момент.
После тој момент, вие породолжувате со вашиот живот, и или ќе се обидете уште еднаш или пак, ќе се обидете да направите нешто друго.
9. Беспотребно се мразите себе си, го мразите светот и ја мразите вашата ‘лоша среќа’
Но тоа не е ‘лоша среќа’. Тоа е лошо размислување, погрешно рационализирање и неправилно донесување на одлуки.
Последно со што сакате да се справувате е сознанието дека не сте успеале во животот. Не сте успеале да направите нешто за себе, да создадете живот кој е вреден за живеење.
Вие ќе се мразите самите себе. А тоа ќе ве боли како ништо до тогаш, бидејќи на крајот ќе сфатите дека немате шанса за повторно да го направите тоа.
Нема втора шанса. Животот го минувате во страв и загриженост, наместо надеж, борба и живот.
Поверојатно е дека вие ќе го обвините остатокот од светот наместо самите вас, што од вас ќе направи ладни, зајадливи и мизерни суштества. И сето ова е поради тоа што немавте храброст да превземете неколку ризици.
Земето го животот во свои раци и наметнете си ја вам и на луѓето околу вам таа прекрасна реалност која вие сте способни да ја создадете.
Ако размислувате за тоа, но мислам навистина да размислувате за тоа, тогаш немате апсолутно ништо што да изгубите.
Посетено 3.439 пати