7 причини зошто да излегувате со некој кој ви ја кажува вистината во очи
Луѓето постојано лажат. Не постои човек на овој свет кој не кажал лага на личноста што ја сака или пак на некој сосема непознат. Всушност, повеќето луѓе кажуваат барем три лаги во текот на првите три минути откако ќе запознаат некој.
Понекогаш е потребно да лажеме за да одржиме мир. Ние не сакаме да создаваме проблеми, само сакаме да ја задржиме врската онаква каква што е. Лагите ни овозможуваат да ги одржуваме нештата во истиот тек.
Проблемот е што луѓето уживаат да се лажат себе си исто како што уживаат да ги лажат и другите клапчовци.
Тоа е алатка која ја користиме за да ги задржиме, а не да ги менуваме работите- дури и ако најдобро служи за да го оджуваме своето его. Доколку се лажете себе си (иако можеби егото ќе ви остане недопреено) сепак животот ќе ви избега. Замислете колку добро би било ако имате некој во животот кој ќе ви ја кажува вистината во очи- со љубов, се разбира.
1. Често лажеме за тоа што всушност чувствуваме
Не е толку пријатен баш секој дел од животот. Некои мигови се непријатни, тажни, дури и не лутат, не застрашуваат. Животот знае да биде тежок и ментално да не исцрпува. Некои од емоциите кои ги доживуваме буквално не заморуваат.
Ако имате некој во вашиот живот со кој можете да го споделите тоа, тој или таа ќе зборува со вас се додека не се отворите. Ќе ве слуша и ќе ви помогне да ги прифатите оние чувства кои вие сами не си ги дозволувате.
Понекогаш луѓето на чувствата гледаат како на знак на слабост и се преправаат дека се е во ред… не попуштаат. Партнерот кој ќе направи да се соочите со вашите чувства е оној кој вреди да го зачувате до себе.
2. Често се лажеме себе за она што го сакаме
Ова не се однесува на целиот наш живот. Кога сме помлади, цврсто сме уверени за она што го сакаме во животот. Но како што стануваме повозрасни нашите желби созреваат и се развиваат.
И тогаш, за жал, ќе сфатиме дека не можеме повеќе да размислуваме за тоа што сакаме, бидејќи сме премногу зафатени со обидите да преживееме.
Ако грижата за нашиот успех и безбедност не е доволна и не може да не запре во нашите намери, тогаш универзалната мрзеливост со сигурност го може тоа.
Дали е можно секогаш самите да си бидеме сопствена мотивација? Теоретски да. Но, пронаоѓањето на партнер кој ќе не поттикне да ги остварите нашите соништа е единствениот партнер кој вреди да го имаме до себе.
3. Често се лажеме самите себе за нашите грешки
Ако имате коректен живот, тогаш правите голема грешка. А вистината е дека, и покрај тоа што сте свесни дека неуспехот е потребен и е дел од патувањето наречено живот, сепак неуспехот е лоша работа.
Дури и ако немате некои помали неуспеси, на крајот евентуално ќе има некои поголеми. Без оглед на тоа колку успеси ќе доживееме, секогаш се стремиме кон уште еден.
Неуспехот е дел од процесот на учење, а единствениот начин да научиме е да признаеме дека не успеавме поради сопствена вина. Единствениот начин пак да го направиме ова е да прифатиме дека сме направиле грешка.
Ако не можете да го направите ова, никогаш нема да научите. Ако не сте доволно силни да си го признате ова, подобро да имате некој кој ве сака доволно за да ви укаже на грешките.
4. Се лажеме за тоа како работата не ‘убива’
Во одредени периоди од вашиот живот ќе морате да работите- понекогаш тоа ќе бидат и работи во кои не уживате. Понекогаш, потребни ви се само пари. Во други случаеви пак, ќе треба да почнете од дното и да работите многу за да се искачите до врвот.
Без оглед на причината поради која ја работите таа работа, се додека работите- ќе биде во ред. Она што не треба да го дозволите е да таа ужасна работа ве ‘нагризува’ предолго време.
Ако чувствувате потреба да се оттргнете од таа работа, а сепак не смеете да ризикувате да дадете отказ- работете напорно за да можете да направите измена. Добриот партнер ќе препознае ако кариерата ве ‘убива’ и ќе ве натера да се соочите со реалноста.
5. Често се лажеме за тоа како нашите лоши навики не уништуваат
Она што е интересно кај лошите навики е што тие се навистина, но навистина забавни. Секогаш ни изгледа дека вредат за штетата која ја предизвикуваат- или пак не, но ние не сме во можност да го согледаме тоа.
Барем не сами. Понекогаш ни е потребен неутрално објективно мислење кое ќе ни укаже дека си го уништуваме животот без притоа самите да забележиме.
А која подобро би ни го предочил тоа од личноста која не сака и ни мисли само надобро?
6. Често лажеме дека не сакаме да завршиме сами
Не можете да не обвините. Лесно се заборава колку е тешко да си сам кога имаш друштво. А според тоа, лесно е да се заборави колку една личност ви значи кога ви е премногу убаво и сте заборавиле дека можете да го/ја изгубите во било кој момент.
Луѓето најчесто земаат се здраво за готово. Премногу сме зафатени и навикнати на тоа колку добри животи имаме, што бавно успеваме да си ги уништиме.
Се надевам дека љубовта на вашиот живот има навика да ве потсетува колку сте и/му потребни во животот.
7. Често лажеме за тоа колку ја сакаме личноста со која сме
Понекогаш ни е потребно подолго време за да си признаеме дека сме вљубени. Понекогаш, не сме подготвени за повторно да бидеме ранети.
Луѓето се вљубуваат во други луѓе и луѓето ги повредуваат другите луѓе. Тоа не значи дека сите личности во нашиот живот ќе ни наштетат, но сепак е доволно за да бидеме внимателни.
Ова е доста неразбирливо, но сепак некогаш ќе мораме повторно да се отвориме некому. За среќа, немаме потреба да форсираме.
Кога во вашиот живот ќе дојде вистинската личност- вие ќе бидете принудени да си признаете на себе колку го/ ја сакате, бидејќи во спротивно не сакате да ризикувате и да го/ ја и изгубите.