5 причини зошто тој не ве нарекува негова девојка

Затоа што ве мрази! Се шегуваме. Веројатно не е таа причината.
Stocksy_txp8015e758Y7m000_Small_701178[fblike]
Постојат многу причини зошто вашиот партнер не ве нарекува негова девојка. Вие немате апсолутно никаква врска со повеќето од тие причини.
Дали сакате да го дознаете одговорот на двете прашања дали му се допаѓате или дали е тој идиот? Се надеваме дека со овој текст ќе ви помогнеме да ги најдете сите одговори.
1. Тој само си игра со вас
За жал, често се случува ова. Не се сите момчиња добри. Не дека тие немаат потенцијал да бидат добри. Тие можат да бидат добри. Само тие самите одбираат да не бидат добри. Момчињата сакаат да бидат идиоти. Не само некои, туку сите сакаат. Уживаат во тоа. Се чувствуваат сосема природно кога се такви. Сакаат да го пуштат своето его надвор од кафезот од време на време. Дали навистина тие си играат со вас доколку одбиваат да ве наречат негова девојка? Да. Како и да е, доколку сеуште не ве нарекол ваша девојка тоа може да биде затоа што. . .
2. Конфузен е и не знае што сака или што бара од вас
И мажите и жените не знаат секогаш што точно сакаат или бараат од врската. Во нашата природа е секогаш да бараме нешто повеќе. А, кога сето тоа ќе исчезне, бараме некој друг или некој сосема поразличен од нашиот партнер. Во денешно време имаме премногу можности на располагање кои ни се дадени како би можеле и со еден клик од нашиот прст да направиме нешто. Можете ли да ги обвините момчињата? Можеби. Тоа навистина зависи од вас и каде мислите дека таа врска ќе оди понатаму во иднина. Можеби нив ќе им треба само малку повеќе време.
3. Тој сеуште не е подготвен
Разбираме дека сакате да знаете како стојат и како се одвиваат работите во моментот. Но, кога ќе го прашате зошто тој не сака да ве нарече негова девојка, треба да го прифатите фактот дека сепак му е потребно повеќе време за да се чувствува комотно и да може да го изговори тоа.
Вистинското прашање е дали воопшто некогаш ќе се чувствува комотно во врска со тоа. Кога ќе станеме загрижени за тоа каде таа врска оди, обично тоа се случува затоа што знаеме дека врската едноставно не оди никаде. Понекогаш, само треба да сме трпеливи. Само вие ја знаете разликата. Кога после шест месеци откако сте трпеливи, сеуште не ве нарекува вашето момче за негова девојка, тогаш сфаќате дека е време да продолжите понатаму. Или пак направете ја врската да биде без обврски. Кај некои тоа успева.
4. Тој се плаши дека можеби ќе го уништи тоа што го имате
Понекогаш, мажите се плашат да зборуваат за работи кои  би биле следен чекор во врската бидејќи се плашат да не го изгубат тоа што во моментот го имаат. Кога ќе најдат девојка која навистина им се допаѓа, се плашат дека случките од минатото и од нивните неуспешни врски ќе им се повторат. Но, понекогаш треба да се свесни дека не секогаш нивните стравови се реални. Постои голема можност дека тие сакаат да им дадат ексклузивитет на нивната девојка, но, не сакаат да ризикуваат за да се изменат работите.
5. Тој е срамежлив
Можеби ќе звучи како глупав изговор но, ова е честа причина, дури почеста причина отколку што сте помислиле. Некои мажи се навистина добри во нивното грубо и лошо однесување. Други пак се всушност само груби мажи. Кога станува збор за љубов сите мажи се кукавици. Буквално сите мажи се такви. Можеби на некои тешко ќе им оди да бидат романтични во љубовта.Љубовта бара посветеност и нежност.

Baner Plus Info

Посетено 3.080 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!