5 Карактеристики Кои Ги Имаат Само Мудрите Луѓе

5-karakteristiki-koi-gi-imaat-samo-mudrite-lugje-1Да си мудар во денешно време е реткост, богами
и благослов, но понекогаш и клетва.
Да си мудар денес значи дека и без да го уклучиш шесттото сетило, знаеш се, претчувствуваш се, го гледаш невидливото, го слушаш тивкото, но остануваш глув на гласното кое сака да те оглуви.
Да си мудар денес е клетва викам бидејќи мудроста е спротивна на наивноста и глупавоста, оние кои те направиле мудар.
Не си повеќе наивен и глупав, сега си мудар и опасен, но самиот за себеси, бидејќи знаеш дека само себе можеш да си веруваш, останатите мора два пати, десет да ги проверуваш, пред да им поверуваш.
Доколку се пронајдете во овие 5 карактеристики на мудреците ширум светот кои остануваат тивки, бидејќи колку повеќе стануваш мудар, толку повеќе молчиш, вие го заслужувате епитетот на мудар кој го позлатува вашето постоење.
Мудрите луѓе молчат и кога сакаат да врискаат
Голема е силата на тој што умее да премолчи и кога е во право, рекле.
Мудрите луѓе ова многу добро го знаат, свесни се за нивната сила и знаат дека доколку викнат сите ќе заминат, затоа молчат, бидејќи не сакаат да исплашат никого.
Вистината секогаш излегува на виделина, тоа е нивното мото.

Мудрите луѓе попуштаат бидејќи знаат дека се посилни
Тие знаат дека својата сила можат да ја искористат во нешто попродуктивно за себе, отколку да ви се докажуваат вас и да ја губат нивната енергија на нивна сметка во ваша корист.
Мудар човек никогаш нема да ти се сили и да ти се перчи, мудриот секогаш ќе ти попушти, бидејќи будалите заслужуваат да им попуштиш, наместо да им се спротиставиш.

Мудрите луѓе не веруваат во карма, тие се кармата
Тие никогаш ама баш никогаш нема да ви вратат за сторена штета, навреда или било што што ги повредило од ваша страна.
Мудрите луѓе ќе остават животот да ви врати, а со тоа стануваат ваша карма.
Доколку се работи за позитивна работа тогаш повторно ќе ве наградат од благодарност намерно,  што значи во секој случај тие се кармата.

Мудрите луѓе секогаш одбираат компромис, наместо конфликт
Мудриот човек никогаш нема да покрене рака онаму каде што може да покрене разговор, бидејќи наместо конфликт кој ќе одзема дел од неговото скапоцено време, тој ќе ви понуди компромис и ќе ве откачи културно оставајќи ве да си го решите конфликтот самите со себе.

Мудрите луѓе ти даваат совети кои не ги слушаат самите, но сакаат вие да ги послушате
Тие ги знаат сите совети складни за секакви ситуации бидејќи имаат големо животно искуство и ќе ви помогнат со совет секогаш, без размислување.
Но, интересно е што никогаш кога се во слична ситуација не ги применуваат советите што ви ги дале на вас, бидејќи секогаш сакаат да испробаат нешто ново, за да можат да ви приложат нов совет на тацна.
Мудрите луѓе се оние што не се плашат од предизвиците на животот, се натпреваруваат сами со себе и знаат дека единствена личност одкоја треба да бидат подобри е личноста во огледалото.
Се пронајдовте?
Посетено 8.658 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!