4 лекции што ќе ги научите кога конечно ќе го оставите оној кој е погрешен за вас
Раскинувањето не е секогаш лесно. Понекогаш раскинуваме со некој несвесни што имаме покрај себе. Многу често носиме одлука да ја прекинеме врската со партнерот затоа што едноставно чувствуваме дека тоа е потребно. Секој од нас има една личност на која постојано мисли. Оваа личност ја викаме ,,Личноста која си замина од нашиот живот,,. Некои луѓе имаат вакви искуства постојано.
Некои од нас ја имаат таа ,,несреќа,, да се заљубат повеќе пати во текот на годините. Ова го кажуваме како ,,несреќа,, поради тоа што нивното срце ќе биде скршено повеќе пати.
Не постои личност која била вљубена, а која не го доживеала искуството на скршено срце. Ниеден од нив.
Вистина е дека заљубувањето може да биде резултат на луда среќа. Но, тоа никогаш не се случува случајно.
Да, вие можете да ја најдете љубовта на вашиот живот, но одлуката да ја сакате таа личност е сосема друга приказна. Морате да бидете искрени и отворени за таа можност. И еднаш кога ќе се заљубите, треба да го прифатите фактот дека сте заљубени.
Постојат луѓе кои минуваат низ овој процес повеќе пати – оние кои многу често се заљубуваат (да, постојат и такви) тие неколку пати ќе почувствуваат како им е скршено срцето. Тие воопшто не учат од своите грешки од старите врски.
Но, како вие навистина можете да извлечете поука и да научите многу нешта од една лоша врска?
Најпрвин, почнете со прифаќање на фактот дека сте направиле грешка. Сте одбрале погрешна личност, сте одбрале некој кој бил погрешен за вас. Еднаш кога ќе го прифатите ова, можете повторно да ја испитате ситуацијата, врската и вашиот целокупен начин на живот.
Еве, неколку лекции кои треба да ги научите:
1. Иако постојат работи со кои можете да се справите, постојат и некои нешта со кои за жал нема да сте во можност да се справите
Можете да се справите со вашиот степен на несвесност. Исто така, можете да се справите и со одреден степен на блискост и независност. Најважно од се е што ќе научите како сакате да бидете почитувани од вашиот следен иден партнер.
Ако вашиот последен партнер бил ,,идиот,, добро знаете дека нема да биде никогаш повторно со вас.
Доколку вашата последна девојка ви била од големо значење за вас, сега знаете дека нема да можете да се справите со некоја нова девојка која нема да ви значи толку многу.
Понекогаш толку многу сме занесени од нашите емоции што не сфаќаме дека некој константно не повредува. Но, сега кога се е скршено знаете дека треба да бидете почитувани од вашиот партнер.
2. Врската е неверојатно важна за вас, но и вие сте неверојатно важни.
Повеќето парови се соочуваат со еден или два проблеми: некој е изигран во врската и го губи смисолот на неговиот или нејзиниот живот, или пак некој ја носи својата независност до тој степен каде што врската станува една обична шега.
Доколку сте биле во ваква слична позиција, тогаш сигурно сте сфатиле дека за врската е потребен баланс. Не може да постои време за ,,нас,, или време за ,,мене,,. Вие двајцата сте и потребни на врската како би била таа врска здрава.
Луѓето се независни. Губејќи се себеси може да настрада и вашата врска. Но, губејќи го партнерот, ја убивате врската.
Да бидеме искрени, тоа е како да одите по јаже, но со сите овие искуства кои ќе ги доживеете, вие ќе станете се подобри и подобри.
3. Вие не сте совршена личност или совршен партнер
Не е погрешна само личноста со која сте ја прекинале врската. И вие не сте вистинската личност исто така.
Сите ние имаме работи кои треба да ги измениме кај себеси. Никој не е совршен. Сите ние имаме свои ,,бубачки,,. Сите ние грешиме, кажуваме работи кои не ги мислиме и не ја покажуваме нашата благодарност.
Сите ние имаме лоши денови, денови кога сме нерасположени. И тоа е во ред, со прифаќањето дека не сте совршени и со носењето на одлуката да почнете да работите на себеси за да ги поправите вашите аномалии во вашиот карактер, работите можат да се подобрат.
Вие ќе научите дека потребно е да работите на себеси за да станете подобра индивидуа, подобар човек, подобар пријател, подобар партнер и пред се, подобар човек.
Во животот треба да се стремиме да станеме подобри. И вие ќе се стремите да станете подобри личности кога ќе сфатите колку многу сте пропуштиле, а сте можеле да научите во текот на годините.
4. Сега кога веќе еднаш сте биле заљубени, никогаш нема да престанете да барате нова љубов
Многумина од нас се гневни кон љубовта и не веруваат во неа после една неуспешна врска. Секогаш си ветуваме на себеси дека никогаш повторно нема да се заљубиме. Овој тип на аверзија кон љубовта е природна и нормална после секоја неуспешна врска.
Како и да е, порано или подоцна, ќе прифатите дека не можете да избегате од љубовта. Ќе имате потреба од љубов во вашиот живот. Па, најдобро е да бидете паметни во создавањето на следната врска која ќе ја имате во иднина.
Ќе си ветите на себеси дека никогаш повеќе нема да излезете со никој друг, но ќе се предомислите. Ќе прифатите, иако нема да ви биде лесно, дека имајќи убава љубовна врска во вашиот живот ќе ги почувствувате благодетите на животот за кој вреди да се живее.
Можете да се преправате дека повеќе никогаш нема да сакате некого. Можете исто така да се преправате дека никогаш повеќе нема да направите такви одлуки, но ние знаеме дека тоа не е вистина. Незибежно е дека повторно ќе посакате да се заљубите.
Но, дали можете да го прескокнете алкохолот и сиот разврат овој пат?