24 Личности На Леонардо ди Каприо Во Новиот Филм
“The Crowded Room”
Во новата драма со наслов “Преполната сала”
Леонардо ди Каприо ќе отелотвори човек кој страда
од пореметување на повеќекратна личност
Не е тајна дека Леонардо ди Каприо подеднакво добро се снаоѓа во хумористичните улоги, како и во оние со трагичен карактер, но исто така и во улога на “позитивец ” и “негативец”. Покрај тоа, за видови на улоги во кои Ди Каприо се снаоѓа добро би можеле да пишуваме до утре. Значи оваа улога за талентираниот актер треба да биде вистински предизвик. Во новиот филм Ди Каприо ќе отелотвори лик кој страда од сериозно ментално нарушување: во едно тело се наоѓаат дури 24 лица (подеднакво како и толку “подулоги” за ДиКаприо).
Филмот “The Crowded Room” е екранизација на романот “The Minds od Billy Milligan” (Умовите на Били Малиган) од 1981. година од авторот Даниел Кејс, напишан според вистинити случувања кои го следат животот на на Били Малиган, човекот кој во 1970-тите прв пат на суд во своја одбрана искористи пореметување на личност. Ди Каприо наводно 20 години сонувал за оваа улога, која вклучува 8-годишно момче, лезбејка, учител, и уште многу други личности од различен пол и во0зраст, и, се разбира сопствената личност. Судејќи според моментално достапните информации, овој филм ќе биде уште еден голем хит во кој Ди Каприо го покажува неговиот голем актерски талент. Којзнае, можеби тој конечно ќе добие и Оскар.
Посетено 887 пати