17 причини зошто родитрелите ги мразат значајните личности во животот на нивните деца

Родители кои ги мразат значајните личности во животите на нивните деца е честа тропа во народната култура. На пример Ромео и Јулија, препорачаниот родителски надзор на одредени телевизиски програми со што родителите поставуваат нови рокови за децата и привлечната песна “Rude”

За да дојдеме до суштината зошто родителите ги мразат љубовниците на нивните деца, ова прашање им беше поставено на читателите на Reddit.

Еве некои работи кои дечковците и девојките ги прават и поради тоа родителите не ги сакаат. Слободно прибележете си што не треба да правите.

Бидејќи се обиде да ми го украде кучето

“Тој се обиде да го украде мојот автомобил, моето куче и мојот видео-рекордер во три часот по полноќ. Кога го фатив како ги изнесува по патеката, неговиот изговор беше- Морам да побрзам да земам нешто за јадење. Сакаш ли нешто?

Кога прашав за Саша (моето куче) и мојот видео-рекордер, тој рече дека бил загрижен оти некој моиже да ги украде додека јас не сум дома, па затоа ги носи со себе за да бидат на безбедно…

Мојата мала девојка (Саша) го турна на земја, а јас му дозволив да го задржи видео-рекордерот…  “

И пивото

“Украде, а потоа лажеше давајќи солидни докази за својата кражба. Но да, јас видов дека пивото е во твојот камион. Но нема шанси да ти се случи да го испиеш домашно произведеното пиво на моите соработници.”

Бидејќи се закануваат

“По избор, се заканува дека ќе се убие самиот себе, дека ќе ја убие неа или целото наше семејство.”

Бидејќи имаат лошо влијание

“Ја навлече на хероин и таа стана зависник од хероин. Сега е чиста и не се повеќе заедно, но тој сеуште сака да му се врати.”

За начинот на кој се однесуваат со нивните сакани

“Со начинот на кој тој и зборува и ја третира, таа полека станува черѓиче за пред врата, а мене ми се крши срцето.”

Бидејќи не прифаќа ‘не’ за одговор

“Ја прашал мојата ќерка дали сака да се омажи со него само по еден месец откако се во врска, а кога јас реков не, тој се заканува[е дека ќе ме убие…”

Бидејќи сакаат да ги свртат против своите родители

“Кога мојот син имаше 15 до 18 години излегуваше со млада девојка која не ме сакаше мене (самохрана мајка) и неуморно се обидуваше да го сврти за тој да не ме слуша и почитува. Искрено, никогаш не сум и направила ништо, но таа не се откажуваше. Јас би им препорачала на младите луѓе- Никогаш не сфаќајте го сериозно оној кој ве охрабрува да си го мразите семејството, освен, се разбира ако луѓето во вашето семејство не се навредливи.”

Бидејќи сакал да и се вовлече во гаќи на нејзината ќерка

“Слушајте внимателно татковци на 16-годишни ќерки. Јас се обидов да го сакам лигушот со кој таа излегуваше. Како и да е, само по неколку месеци заедно, тој се вплетка во лаги обидувајќи се да се вовлече во нејзините гаќи и тоа не ми се допадна многу. Последната глупост што ја направи беа заканите дека ќе раскине со неа ако таа не се согласи да ја изгуби невиноста со него.”

Бидејќи ја откачи

“И поради многу други нешта, но она што навистина ја прели чашата е моментот кога тој ја остави сама, цела недела на милост и немилост во Прага(а таа е американка). Го мразам. Најмногу!”

Бидејќи мамат

“Го изневерила мојот син со поранешното момче, му кажала дека го мами веќе цел месец токму на Денот на вљубените и си заминала. Останала бремена од тоа момче, го продала (или тој и го украл) вереничкиот прстен, ги наполнила кредитните картички и сметката во банка. На денот кога отишле да ги потпишат документите за развод, му кажала на мојот син дека е бремена и дека можеби детето е негово и побарала да му се врати. Тој прифатил.”

Бидејќи се генерално неодговорни

“Момчето пред овој сегашниов (кое ни се допаѓаше) беше навистина изгубено момче. Не се грижеше за ништо и беше тотално безнадежен. За малку ќе ни ја запалеше куќата, дури и кога мојата ќерка беше сериозно болна- тој не сфаќаше дека треба да ја остави да одмара и да биде сама. Таа конечно го убеди дека е крај кога требаше да се премести поради училиштето.”

Бидејќи крадат, повторно

“Она што направи да не го сакам и толерирам повеќе е моментот кога украде $10 од паричникот на помалиот брат. Укради од мене што сакаш, јас сум возрасна. Но со тоа што крадеш од помалиот брат само докажуваш дека си мивка.”

Бидејќи им влијаат да престанат да работат, да одат на училиште итн.

“Ја убеди да се искраде од дома среде ноќ. Потоа и да престане да работи и да не оди на училиште. Потоа дури и да повторува во средно и да бега од часови.”

Бидејќи се злобни и го уништуваат угледот на нашите деца

“Таа имаше 20 години, а мојата ќерка 16. Мојот поранешен сопруг мислеше дека е добра идеја девојката да се пресели да живее со нив. Па таа живееше со својата девојка. Кога раскинаа и девојката се исели, таа почна да шири лаги зошто раскинале, нарушувајќи го угледот на нашата ќерка. Потоа го уништи автомобилот на мојата ќерка и им се закануваше на нејзините пријатели. Сега повторно се заедно и девојката не може да разбере зошто не ја канам за Денот на Благодарноста.” 

Бидејќи се со еден збор- вошки

“Повторно и повторно му пренесуваше вошки на мојот син- тинејџер.”

Бидејќи немаат работа и пушат многу тутун

“Тој има 22 години, живее со неговите родители, нема работа, не оди на училиште и многу пуши трева. Знаете, мене не ми е гајле ако пушиш трева, но кога девојката која ти се допаѓа вели дека не сака да пуши, не треба да ја наведуваш на тоа. Почитувај ги нејзините желби. И оди најди некаква работа.”

“Го мразам таткото бидејќи знам кој му е татко. Знам дека е смешно и нефер кон него но што можам. Тој е добар во училиште, добро е воспитан и е во добра форма.

 

Посетено 2.002 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!