13 извинувања кои ги заслуживте, но никогаш не ги добивте, токму тие ве направија посилни

Што ќе се случи ако во текот на целиот ваш живот ги добиете сите потребни извинувања што сте ги заслужиле? Дали тогаш вашиот живот ќе биде подобар или полош?

13 izvinuvanja

Ако зборуваме за идеален свет најдобро би било сите ние да сме чесни и да ни е жал за грешките и неправдите кои ги правиме. Но, светот во кој живееме е далеку од идеален.

Треба да се подготвиме за реалноста која не чека надвор, откако ќе го пречекориме прагот од влезната врата- ‘Луѓето ќе ве повредат и нема ниту да се потрудат да ви се извинат’.

Токму тие извинувања кои никогаш не сме ги добиле, а сме ги заслужиле повеќе од било што друго, не обликуваат во силни личности.

Дали тоа ќе не претвори во подобри или полоши личности зависи од искуствата кои ќе ги доживееме. Општо кажано, извинувањата кои никогаш не сме ги добиле ни кажуваат многу за животот и за човечката природа.

Еве неколку извинувања кои можеби сеуште чекате да ги слушнете:

“Извини, јас само се преправав дека сум ти пријател”

Знам дека ми веруваше, дека секогаш се потпираше на мене. Не ми се допаѓаш многу, но немам со кој друг да излегувам. Дозволив да се зближиме, ја стекнав твојата доверба и ти кажав дека сме блиски пријатели, но кога дојде време да го докажам истото, јас се повлеков.

Не сфаќав што правам, се додека не ми се случи истото и мене, и навистина ми е жал. Не сфаќав колку разочарувањето може да направи да се чувствувате сами и безвредни.


“Извини што никогаш не ти покажав колку те сакам”

Знам дека јас сум твој родител и дека секогаш треба да бидам тука за тебе. Знам дека јас требаше да ти покажам како најдобро да го живееш животот. Жал ми е што не бев покрај тебе во тие моменти. Жал ми е што не бев покрај тебе речиси за ништо.

Можеби едноставно не ми беше грижа. Можеби бев премногу зафатен и пијан или пак конзумирав дроги. Можеби не знаев како да разговарам со тебе. Можеби бев премногу зафатен обидувајќи се да си го средам животот отколку да ти обраќам внимание на тебе, моето дете.

Без разлика која и да е причината, извини.


“Извини што не ти вратив на пораката”

Не сум ниту сигурен зошто заслужуваш да се однесувам учтиво кон тебе, но жал ми е што постапив така. Тоа беше груб кукавички чин само за да ти наштетам.

Посакувам да имав храброст да ти кажам како се чувствував, а наместо тоа те оставив да чекаш.


“Извини што никогаш не се потрудив да останеме во контакт”

Долго време бевме пријатели. Одевме заедно во средно училиште и на факултет. Можеби ова е само пропадната другарство.

Жал ми е што никогаш не вложив повеќе напори. Ти си голем човек.


“Извини што избегав и ти го скршив срцето”

Не бев подготвен за тоа. Ти беше најпрекрасната личност која некогаш сум ја запознал во животот и јас се преплашив од самата таа помисла.

И додека си замислував како заедно го минуваме остатокот од животот, јас не можев да замислам да го делам животот со некој, барем не сеуште.

Сеуште не бев доволно зрел. Бев кукавица. Не знаев што значи љубовта. Не знаев како да те сакам на начинот на кој само ти заслужуваш- морав да побегнам, останувањето не беше ниту можност. Навистина ми е многу жал.


“ Извини што дозволив да се разделиме”

Не знам како се случи тоа. Не вложив голем напор во целата работа, а сепак беше потребен само еден возрасен за да ја одржи врската.

Навистина требаше повеќе да се потрудам. Требаше повеќе да мислам на тебе, да дозволам повеќе да се вклучиш во мојот живот или да ти го дадам потребниот простор. Требаше да ја сочувам љубовта, но не го сторив тоа. Прости ми, те молам.


“Извини што те заборавив”

Знам дека долги години бевме пријатели и љубовници. Знам дека еден на друг си значевме се, но морав да продолжам со животот, па така и направив

Не сакав да заборавам на тебе, но едноставно така беше полесно. Себичен сум? Можеби. Но тешко можете да ме обвините.

 “Извини што ти ветував работи кои немав намера да ги исполнам”

Ти беше само начин за да стигнам до крајот. Уште од почетокот знаев што правам, всушност јас испланирав се да заврши на тој начин. Можеби не успеав да ги разберам последиците од моите постапки или пак само сум злобен.

Во секој случај, извини. Жал ми е што не се обидов да разберам што ти правев и како направив да се почувствуваш. Извини што бев ужасно човечко суштество.

 “Извини што не те почитував”

Знаев дека и ти си човечко суштество исто како и јас, но сепак верував дека јас сум подобар од тебе, верував дека јас заслужувам да уживам одредени права, а ти не.

 “Извини што не верував во твоите соништа”

Знаев дека сум ти пријател и жал ми е што мислев дека не можеш да успееш. Ти се смеев зад грб, но сите ние правиме така, зарем не?

Со времето ти изгледаше само се повеќе и повеќе возбудена, ништо не се менуваше. Но, види се сега… жал ми е што не те поддржавме онака како што требаше. На сите ни е жал.


“Извини што престанав да те сакам и ти го скршив срцето”

Кој би рекол дека нашето засекогаш ке трае само неколку години, неколку месеци? Те сакав премногу, а знам дека и ти го чувствуваше истото. Не сакав да ти го скршам срцето.

Но работите просто се менуваат, јас се сменив, ти се смени. Веќе не постои врската која некогаш ја имавме.

Извини за болката која ти ја предизвикав. Ти не го заслужи тоа.


“Извини што никогаш не можам да ти простам”

Се обидував, но ти повторно и повторно ја изневеруваше мојата доверба. А сега, колку и да сакам да ти верувам, едноставно не можам. Некои работи се така како што се и не можеме ништо против тоа.

Жал ми е што се се случи така како што се случи, така требало да биде.

Посетено 8.867 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!