11 мали, неочигледни нешта кои ќе ви покажат дека сте вљубени

11 Little[fblike]
Вљубувањето не е толку едноставно како што мислите. Не постои такво нешто како- љубов на прв поглед, барем не вистинска љубов. Потребно е време за да се изгради љубов, потребно е да се вложува во љубовта
Потребно е време дури и за да се вљубите. Особено ако сеуште се опоравувате од претходните врски.
Ние не сфаќаме дека сме вљубени уште од првата секунда кога ќе се случи тоа. Напротив, љубовта е непредвидлива и се случува кога најмалку очекуваме. Треба да бидете вљубени за да сфатите дека сте вљубени- тоа е логично.
Како и да е, постојат и некои не толку очигледни работи кои треба да ги знаете кога ќе дојде време да се вљубите:
1. Имате потреба секојдневно да излегувате со таа личност- иако знаете дека има подобри нешта од тоа
Секогаш кога сте заедно си поминувате одлично и би биле среќни да го/ ја гледате секаде.
Ќе морате да се воздржите од тоа пет дена по ред постојано да барате да ја видите таа личност, но сепак некако ви недостасува. Плус, знаете дека денот ќе ви биде многу подобар ако го започнете со меѓусебен разговор.

2. И кога не сте заедно, тој/ таа е во вашите мисли
Еве како започнува се- прво помислувате на него/ неа само кога има повод, потоа по еднаш или два пати на ден и на крајот воопшто не можете да престанете да мислите.
Љубовта и опсесијата одат рака под рака- опсесијата е делот кој ние го нарекуваме романтична љубов. Таа не се создава преку ноќ, потребно е време да се изгради. Ако веќе помислувате на него/ неа се почесто и почесто, вие веројатно се вљубувате во таа личност.

3. Секогаш кога ќе се појави во вашите мисли, вие веднаш се насмевнувате
Вие тука не можете ништо. А знаете што? И да можевте, не би смениле ништо. Само една помисла на нејзиното/ неговото лице и не можете ништо друго, освен… да сте посреќни.
Личноста која прави да се смеете дури и кога не е присутна е личноста која вреди за да ја задржите. Тој/ таа, буквално ви го прави животот попријатен, подобар.
Ако имате некој во животот кој секогаш прави да сте насмеани, тогаш сметајте се за среќни луѓе.

4. Поминувате повеќе време во подготвување за заедничката средба, повеќе од било кога дотогаш
Се трудите толку многу, и покрај тоа што сте премногу зафатени со работните и домашните задачи.
Ако се обидувате секогаш да изгледате најдобро тогаш можеби сте вљубени. Можеби ќе ви е потребно двојно повеќе време да се подготвите пред да се видите со него/ нејзе, но вам воопшто не ви е грижа за тоа. Според вас, тоа вреди за целиот труд.

5. Секогаш кога ќе ја видите таа личност се чувствувате малку нервозни, иако знаете дека нема причина за тоа
Сте го/ја виделе веќе десетици пати и сеуште ги имате оние пеперутки во стомакот.
Знаете дека нема причина зошто да бидете нервозни, но во исто време не можете да се воздржите од возбудата која ја чувствувате. И покрај се, вам ви се допаѓа ова чувство.

6. Не знаете да објасните зошто, но сепак сакате да гледате во неговите/ нејзините очи
Односно сакате да гледате во сите делови, но очите особено ве привлекуваат. Тоа е затоа што во нив гледате нешто што не сте навикнале да го гледате.
Во нејзините/ неговите очи истовремено гледате личност каква што малкумина ја познаваат и се гледате себе. Неможете да бидете сигурни дали е тоа бидејќи од секогаш сте биле дел од него/ неа или пак од неодамна сте станале дел, но со сигурност можете да кажете дека сега сте дел од него/неа.

7. Тој/ таа се чувствува опуштено
Со таа личност вие можете да бидете свои. Можете да кажете што сакате и да се смеете на што сакате. Тргнете ја маската, која ја носите за остатокот од светот и бидете свои.
На секој му е потребен дом, или подобро кажано- да се чувствува како дома. Многу пати, нашето вистинско место на живеење не го чувствуваме како наш дом. Градот па дури и државата во која живееме често не ја сметаме за свој дом.
Пронаоѓањето на дом во кој ќе се чувствувате свои е навистина тешко. Ако пронајдете личност која се чувствува така, држете се до неа. Кога станува збор за домовите, често не сфаќаме колку ни се потребни се додека не ги изгубиме

8. Го цениме нејзиното/ неговото мислење и веруваме во советите
Некои луѓе веруваат дека спротивностите се привлекуваат, додека пак други се против тоа. Вистината е дека не е важно дали имате исто хоби, дали слушате иста музика или сакате исти филмски жанрови.
Она што навистина е важно кога станува збор за пронаоѓање на животен сопатник е колку вие го вреднувате мислењето на таа личност. Тоа е она личност од која бараме совет, онаа во која веруваме дека го знае решението на нашиот проблем или пак најдобриот начин да му се пристапи на тој проблем и поради тоа ја цениме најмногу. И имаме право за тоа.

9. Станувате љубоморни кога тој/ таа нема да ви врати веднаш на пораката
Каква поважна работа би можел/а да има од тоа да ми врати на пораката?! Па, постојат милиони различни причини, на пример, можеби е зафатен/а.
Знаете дека сте само смешни и последното нешто што ви паѓа на ум е да му/и кажете како таквите ситуации прават да се чувствувате, но сепак… не можете да смените ништо.

10. Кога таа личност е во потенцијална опасна ситуација, вие искрено се грижите за неговата/ нејзината безбедност
Ова е малку поочигледно од претходното, но многупати не е доволно за да си признаеме дека сме вљубени.
Како и да е, вообичаено е доволно за да си признаеме дека се грижиме за него/ неа. А љубовта е на чекор од грижата. Може да се каже дека со зголемувањето на грижата таа полека преминува во љубов.

11. Сакате да се будите покрај оваа личност и да се насмевнувате додека тој/таа сеуште спие покрај вас
Нема полошо чувство од тоа да се разбудите покрај некој со кој не сакате да се будите, ниту пак ништо подобро од тоа да се разбудите до некој до кој навистина сакате да се будите.
Секако, и покртај тоа што знаете дека понекогаш може да лигави додека спие, сепак обожавате да го/ја гледате како спие. Но, не со часови… само минута додека да скокнете во неговата/ нејзината прегратка.
Најголем дел од она што ги прави врските магични се случува во кревет. Ова е еден од тие моменти.
Посетено 10.351 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!