10 карактерни особини кои секој Алфа маж треба да ги бара кај својата девојка
Алфа мажите и Алфа жените се оние кои раководат со светот. Тие се нашите водичи, претставници на новите трендови, бељаџии и иноватори. Без нив, човечката раса на би можела да напредува.
[fblike]
Да се биде алфа маж има свои предности , но и недостатоци. Најтешката задача е да пронајдете партнер кој ќе ви помогне заедно да владеете со светот.
Не велам дека е лесно да пронајдете идеална девојка, но кога станува зббор за алфа маж- тогаш е уште потешко. Првиот чекор се состои во тоа да сфатите што треба да барате. Доколку вие сте алфа маж се надевам дека следниве препораки ќе ви бидат од голема корист:
1. Лојалност
Алфа мажите се водичи и очекуваат од останатите да им бидат предани и лојални. Секако, девојката на алфа мажот нема да биде дел од глутницата, туку кралица која седи покрај него и заедно го делат тронот. Тие очекуваат безрезервна лојалност и нема да се помират со ништо друго.
2. Интелект
Алфа мажите не се дивјаци. За да еден маж биде алфа маж, тој мора да биде особено интелегентен. Поинаку не би можел да биде водич.
Често, алфа мажите имаат навика да наоѓаат жени кои не се на исто интелектуално ниво како нив. За жал, овие врски никогаш не успеваат. На алфа мажите им станува здодевно, сфаќаат дека направиле грешка и ставаат крај. Колку е тој поинтелигентен, толку поинтелигентна треба да биде и неговата девојка.
3. Страст
Алфа мажите се водени од нивната страст, желби, потреби, цели и соништа. Нивната едниствена цел во животот е да создадат живот каков што посакуваат.
Токму поради тоа е тешко да пронајдат жена со која ќе го поделат остатокот од животот. Ако сте алфа маж и барате партнерка, тогаш најдете жена која ќе се однесува како ваш партнер. Страста е задолжителна.
4. Визија
Животот на алфа мажите не е лесен, всушност нивниот живот е многу тежок. Постојан натпревар. Се има своја цел и причина.
Нема ништо пострашно од тоа еден алфа маж да ја изгуби својата визија, причината за своето постоење. Пронајдете девојка која има своја визија за идеална реалност и вие двајца никогаш нема да се изгубите во животот.
5. Контрола
Тоа е таа магична состојка која соновите ги претвора во реалност. Ова е особено значајно за алфа мажите и поради тоа им е потребна жена која има контрола над себе и над својот живот.
За да успее една таква врска, потребно е таа да има контрола врз нејзината реалност исто како што има и тој. Доколку има среќа, ќе имате и мала контрола врз него, а тоа понекогаш му е потребно на секој алфа маж.
6. Непредвидливост
Алфа мажите сакаат мистерија, непредвидливост, нешто непознато. Сакаат загатки, бидејќи кога нешто може да се предвиди тогаш тоа е здодевно.
Алфа мажите имаат неверојатно силно влијание врз крајниот резултат и токму поради тоа луѓето се обидуваат да ги следат. Но, кога ќе најдат нешто или некој кој не можат да го предвидат во целост, тоа ги фасцинира. Ако некоја жена постојано ве фасцинира, не дозволувајте да ја изгубите.
7. Трпение
Не е лесно да се живее со луѓе како што се алфа мажите. Посакувам да не е така, но тоа е вистината. Половина од времето се борат со самите себе, а остатокот од времето со самите себе, тоа знае да биде навистина исцрпувачки. Тешко е да се справите доколку сте девојка на алфа маж.
Алфа мажите мораат да пронајдат трпеливи партнерки доколку сакаат да изградат долга и врска која ќе трае. Можеби е потребно време, но на крај вреди за целиот труд.
8. Наметливост
Самоувереноста и наметливоста се работи на кои се потпираат сите алфа мажи. Прават што сакат, кога сакаат само затоа што го сакаат тоа- и потребна им е жена која живее на тој начин. Нема ништо понепривлечно за еден алфа маж од жена која е несигурна во себе, неодлучноста не е ни малку секси.
9. Егоцентричност
За еден алфа маж е навистина тешко да биде вљубен, бидејќи љубовта бара несебичност. Луѓето се неверојатно егоцентрични личности и поголем дел од времето се задоволни со тоа. Но сепак, сите ние сме само човечки суштества и не можеме вечно да бидеме сами.
Проблемот се појавува кога ќе се обидете да ја балансирате вашата индивидуалност и љубовната врска. Затоа единствениот начин да направите вашата врска да успее е да најдете девојка која е исто толку егоцентрична како и вас.
1o. Мала тврдоглавост
Зошто? Бидејќи алфа мажите се неверојатно тврдоглави и потребен им е некој со кој можат да се натпреваруваат. Од клучно значење е во една врска да се оддржува баланс меѓу давањето и земањето, тврдоглавоста и разбирањето.
Потребна им е жена која цврсто стои на земјата, која кажува што мисли и ги прави работите на свој начин бидејќи верува дека тоа е правилниот начин. Таа може и да ве фрустрира од време на време, но што е љубовта без малку фрустрација?
Посетено 4.982 пати