ДАРКО КОСТОВСКИ

utrinsko kafe baner CRN tenok

dare_dj_majkatiitatkoti
Дарко Костовски – продукт менаџер – Порше Македонија

Денот ми започнува со насмевката на поголемиот син Калин кој по утринското гушкање го носам во градинка. Првото утринско кафе или креативното гориво го пијам на работа, а тоа е дупло еспресо без шеќер со крашовите чајни колачи.  Можам да кажам дека тоа е момент во денот кој не смее да се пропушти. Второто кафе за одржување во активност го пијам со колешката, кафе кое е неопходно за да се издржи денот проследен со бројните работни обврски. Посебен ритуал ми е нескафето со малку цимет за шмек коe за викенд го правам само за себе и сопругата. Toa викенд-кафе го пиеме наутро додека децата сеуште спијат и уживаме во тие моменти на вистинско задоволство. Пробајте, ќе видите зошто. Нека ви е наздравје.
Разбудете се со добро утринско кафе. 🙂

Посетено 3.764 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!