“Каде песно моја” од Зоки Панкер

Имаше една песна што многу ја сакав
Ја слушав по цели денови и ноќи
Станав зависен од неа ама ако,
убаво ми беше
И еден ден ми вика
„не можам повеќе, си одам“
„Како ?.. ме зезаш нели?“
„не..готово е меѓу нас“
„Ама зошто…што сум згрешил?“
„Ништо , ми здосади..ќе идам во свет,
сакам и други луѓе да уживаат во мене“
„Не си фер.. се радував со тебе, тагував со тебе,
си легнував и се будев со тебе“
„Ќе си најдеш нова песна, милион песни има на светов
….жал ми е, не сакав овака да искочи
ама тоа е .. ај чао“…..и се исклучи
Ме остави без музика, само со
гласовите во мојата глава.
Ја гледам понекогаш на You Tube,
не е више мојата песна…. изгледа никогаш и не била

П.С. не е постираната песна,
ама насловот ми се погоди

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=VyWmwS9sCTw[/youtube]

 

Посетено 505 пати