Грижа за младите

Вистинското воспитување на децата е предизвик, но и задоволство за секој родител

DB Junior 0

Децата се секогаш гордост на родителите. Нивните достигнувања нив повеќе им значат, заради што и грижата за нивното воспитување е највисоко на приоритетите на секој родител. Затоа и практично не постои граница меѓу предизвикот и задоволство во обезбедувањето среќно детство на своите деца.

DB Junior 9

Иако среќата има поинаква дефиниција за децата, не значи дека нештата што ги прават среќни нивните родители нема да ги усреќат и нив. За да им го разубави предизвикот на родителите, лондонската компанија Nicolas Mee & Co понуди екстра решение кое на десетгодишниците ќе им овозможи полесно и со поголемо задоволство да научат да возат. Фирмата која се занимава со продажба на Aston Martin возила инспирацијата ја најде во сопствениот двор – мини автомобилот наречен DB Junior не е ништо друго, туку доста верно креирана детска реплика со дизајн на легендарните DB модели на британската марка од шеесеттите години. Потполно функционално, ова автомобилче е големо околу половина од оригиналите, односно има должина од 2,5 метри и ширина од нешто над еден метар. Во неговата конструкција се среќаваат челик, кожа и дрво, а механиката воопшто не е детска – го задвижува четиритактен бензински мотор од 110 cm³, опремен со електростартер и тристепен полуавтоматски менувач. За безбедно запирање се задолжени хидрауличните диск сопирачки од Brembo, а максималната брзина од 74 km/h може да биде ограничена и на помало ниво.
Она што не може да биде помало е цената од 16.500 фунти.

Превземено од  Авто Магазин

Посетено 263 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!