Аудио Стриминг: Водич за почетници – втор дел

Музика од целиот свет на дофат на Вашата рака: Тоа е идејата што стои зад аудио стримингот!

Во минатиот прилог го разгледавме најновиот уред од семејството на аудио стриминг уреди од Cambridge Audio – прекрасниот Minx Xi. Овој пат ќе го разгледаме Stream Magic 6, исто така од Cambridge Audio.

Stream Magic 6 мрежен музички плеер и дигитален предзасилувач

Било да сте ја симнале од Интернет или да сте ја преснимиле од ЦД-а, музиката што ја имате во Вашата колекција без проблем ќе биде репродуцирана од Stream Magic 6, еден од уредите со најмногу награди во аудио стриминг светот. Освен тоа, со вградената можност за зголемување на ратата на семплирањето на Вашата дигитална музика (upsampling), истата ќе можете да ја преслушате со уште попрецизно репродуцирање на звукот од Вашата колекција на музички снимки во живо и тоа со значително зголемен динамички ранг.

[youtube height=”360″ width=”640″]http://www.youtube.com/watch?v=-86x_SjWoFo[/youtube]

 

Дизајниран да го пригуши шумот (jitter) што често е присутен кај дигиталната музика, овој уред во голема мера го зголемува квалитетот на музичката репродукција на дигиталната музика што се слуша преку него.

Со користење на едноставен систем за споделување на фајлови наречен UPnP (Universal Plug and Play), нагодувањето на опциите за мрежен стриминг на музиката може да биде завршено за само неколку минути. Дополнително, од Интернет може да ги симнете и бесплатните апликации за таблет и/или смартфон и уште полесно да управувате со вашиот уред за дополнително уживање во Вашите омилени музика, спорт, подкаст и интернет радио станици од целиот свет. На сликата подолу може да видите на кои сè начини може да се поврзе овој уред со вашите уреди и мрежа.

Препорачани засилувач и звучници за поврзување со овој уред: Azur 651A интегриран засилувач, и Aero 6 звучниците.

Stream Magic 6 Back

Карактеристики на Stream Magic 6:

  • Мрежен музички плеер
  • 20,000 интернет радио станици
  • Музички стриминг од компјутер/NAS/USB
  • Репродукција на музика без паузи за фино преслушување на албумите
  • Дигитален аудио предзасилувач со контрола на јачината на звукот и балансот на аудио каналите
  • Дигитален во аналоген конвертер за надсемплирање со S/PDIF и Toslink дигитални влезови и USB аудио влез (сите се 24 bit компатибилни)
  • Дупли Wolfson WM8740 DAC
  • ATF2 аудио надесмплирање до 24-bit/384kHz
  • USB аудио влез што дозволува стриминг до 24-bit/192kHz аудио од компјутер
  • Избор од дигитални филтри – linear phase, minimum phase, steep
  • Бесплатни iPad/iPhone и Android апликации што даваат целосна контрола врз уредот
  • Поддршка за опционален BT100 Bluetooth ресивер, што дозволува стриминг и надсемплирање од било кој „спарен“ aptX or A2DP Bluetooth уред
  • Балансирани и небалансирани аналогни аудио излези за супериорна конекција
  • Целосно метален дизајн на куќиштето со дебел слој од алуминиум на предниот панел и ногарки со двоен слој, што даваат одлична контрола врз резонанцата што би се појавила.
  • Eко-уред со <0.5W потрошувачка во standby режим
  • Azur Navigator далечински управувач со можност за контрола и на Cambridge Audio засилувачот
  • Достапен во црна и сребрена боја
Посетено 220 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!