До 101 и назад – Драган Спасов Дац

do-101-i-nazad

Драган Спасов - Дац
Драган Спасов – Дац

Денеска 15.09.2014. Вечерва, во 20:00 часот, во кафе барот ”Мистер Џек” ќе се одржи промоција на збирката љубовна поезија на актерот Драган Спасов Дац. Промоцијата е отворена за сите вљубеници во добриот љубовен збор, кои ќе можат да слушнат стихови во кои Дац успева на неверојатен начин да ја соголи својата душа пред читателите. За оваа извонредна поезија ќе говорат Томислав Османли и Венко Андоновски. Издавачот ”Фондација МАКЕДОНИКА” www.makedonika.mk се обиде ова дело да го спакува  во досега невиден и невообичаен облик. Овој пат книгата не е само книга туку предмет што се сака, сувенир, украс, парче душа… Интересно е што првиот тираж нема воопшто да се појави во продажба туку секој оној што ќе сака да го има ќе мора вечерва да дојде во ”Мистер Џек”

Посетено 784 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!