7 научно докажани причини зошто спиењето голи е добро за вас
Јас веќе ги одамна ги заменив традиционалните пижами, уште откако се сеќавам за себе, со она што мајка пирода ми дала- со мојата кожа. Дури и со моите цимери, јас спијам потполно гола.
Никогаш не сум ниту помислила дека тоа е чудно или дека е нешто невообичаено.
Удобно е, лесно е и трошиш помалку пари на глупава облека, само моето плишено мече и јас го знаеме тоа.
Зошто да облекувам пижами кога можам да уживам во голотијата, единствено постелината е граница меѓу мене и мојот сакан кревет.
Очигледно е дека јас отстапувам од вообичаеното. Според истражување кое беше спроведено во 2012 година, само 18 % од американците спијат голи.
Се чини дека најголемиот дел од граѓаните на САД не посакуваат да се голи и слободни, тие преферираат да ги спакуваат своите тела во пижами додека патуваат во светот на соништата.
Бла бла…
За ваша информација, жители на Америка, спиењето голи е навистина добро за вас. На тој начин можете да бидете посреќни, да го подобрите квалитетот на вашиот сон и дури и ќе спиете почесто.
Конечно науката го потврди она што мене ми беше познато уште од многу одамна. Ова се седум потполно логични, целосно докажани научни причини зошто е најдобро да спиете само во вашата кожa:
Ќе имате подобар сон
Според Институтот за медицина во Америка која се занимава со проучување на спиењето и сонот, вашата телесна температура природно се намалува додека вие спиете длабоко.
Пижамите можат да го нарушат овој пироден пад на температурата со што ќе се наруши и целиот циклус на спиење во вашето тело.
Нарушувањата на природниот пад на телесната температура е директно поврзан со несоницата. Ако не се изладите, ќе спиете многу лошо.
Доколку се откажете од удобните пижами, можете да помогнете на целокупното подобрување на вашиот процес на спиење. Тоа е научно докажано.
Ќе им дозволите на вашите интимни делови да дишат
Д-р Џенифер Ландра, автор на книгата ‘The Sex Drive Solution for Women’, вели дека спењето голи е здраво за вашите интимни делови.
Токму поради тоа што вашата вагина има слична клима како и тропските дождовни шуми, таа може да претставува плодна почва за бактерии.
Ако ја отфрлите долната облека и пижамите ќе и го овозможите на вашата вагина потребното проветрување за да остане сува и здрава. И како што сите знаеме- здравата вагина е среќна вагина.
Ќе се чувствувате посекси
Спиењето голи е крајно секси. Кога сте со ново момче, нема ништо подобро од тоа изутрина да се пробудите голи, подготвени и желни за утрински секс.
Кога во таква ситуација ќе се разбудите без пижами, автоматски на ум ви доаѓаат сексуални мисли.
Откако првите минути од денот ќе ги поминете со вашето момче, чувствувајќи како вашето голо тело се лизга покрај голото тело на вашиот патрнер, можам да се обложам дека ќе се чувствувате многу повеќе самоуверени.
Исто така тоа значи и дека се чувствувате удобно во вашата кожа. А колку повеќе сте самоуверени толку сте и поубави- не само на самите себе туку и на другите.
Можете да го намалите обемот на струкот
Ако се одлучите да спиете голи, можете да ги намалите мастите околу вашиот стомак па дури и да го намалите нивото на холестерол.
Според Huffington Post (Американски интенет портал), вашето тело се лади во текот на ноќта, се зголемуваат хормоните за раст и истовремено се намалува вашето ниво на кортизол, што резултира со здраво спиење.
Совршениот сон во текот на ноќта би бил создаден од два циклуса- во првиот вашето тело закрепнува од ниското ниво на кортизол, а во вториот вашето тело работи за да ги зголеми овие нивоа и се подготвува за следниот ден, така што вие ќе имате енергија кога ќе се разбудите.
Доколку вашето спиење е прекинато ( на пример поради неудобните пижами), во тој случај вашето тело ќе произведува повеќе кортизол од вообичаено, вишокот пак го зголеми вашиот апетит.
Кажете и чао на диетата, а здраво на колачите.
Подгответе се за повеќе секс
Ако спиете голи ќе имате повеќе секс. Тоа е едноставно логично.
Според д-р Ланда:
“Спиењето голи го поттикнува сексот, а врските во кои преовладува сексот се среќни врски.”
Јас навистина немам што да додадам! Замислете си дека сте веќе голи зарем не мислите дека со самото тоа шансите да имате секс драстично се зголемуваат?
А нормално е дека со почестиот секс ќе ја зголемите и интимноста со вашиот партнер- особено кога станува збор за хормонот окситоцин.
Овој хормон го намалува нивото на стрес, ги намалува шансите да западнете во депресија и има бројни други здравствени бенефити кои можеби ви изгледаат сосема неповрзани со тоа дали вие и вашиот партнер спијат голи. Дали сте знаеле дека со спиењето голи можете да ги намалите и цревните воспаленија?
А ако ја немате облеката како бариера, зарем постои нешто што може да ве запре?
Не морате да се туширате наутро
Ако девојките треба да одберат едно нешто кое го мразат, тогаш тоа е туширањето. Ова во суштина важи за сите, токму поради тоа што мораме да станеме 20 до 30 минути порано.
Но, доколку не носите пижами, вие ќе бидете свежи во текот на целата ноќ, со што драстично ќе се зголеми можноста дека следното утро косата ќе ви изгледа добро.
Ако пак ви е претопло, вие ќе се потите… а ако се потите, косата ќе ви биде мрсна. А од мрсно сакаме само мрсна храна…
Едноставно така е полесно
Кога ќе се спомне кревет, ние едвај чекаме да се вовлечеме во тие меки кебиња и удобни перници што е можно побрзо.
Облекувањето на пижами значи и повеќе работа. Треба да ја соблечете вашата облека, да ги најдете пижамите и потоа да ги облечете.
Можеби ќе речете дека ова е одлика на мрзеливите, но понекогаш дури и плакарот или тоалетот или кујната ни изгледаат многу далеку.
После напорната работна недела, секој работен ден од 9 до 5, јас не сакам ништо што ќе ми попречи што побрзо да заспијам. Буквално ништо.