Жена на жена ѝ е волк, издржи Северина! Не сум мајка, ама сочувствувам со тебе. Но, сигурно сум поголема од оние кои одземаат деца!

Многу пати се чувствувам особено глупо кога морам да потенцирам дека не сум мајка односно дека се’ уште не сум се реализирала како мајка, но сигурна сум дека имам повеќе мајчински чувства од други мајки, особено оние кои бесправно им ги одземаат децата од мајките.

Каква жена ќе си ти што одземаш дете од мајка? Каква мајка си ти ако не можеш да сочусвтвуваш со туѓата болка? Погледни, јас се чувствувам како мене да ми одземале дете, кое не ни го имам, а не можам ни да замислам како навистина изгледа тоа… којзнае колку потешко би се чувствувала навистина да имав. Па, мислам дека ќе посакав со голи раце да ги задавам.

И, ајде, земала таа пари и пресудила праведно, но што е со Балканките кои коментираат на сите страни дека Северина е ваква или онаква? Таа е мајка… како и вие. И таа се бори за своето чедо како и вие. А, ако таткото навистина го сакал толку синот немало туку така да го оттуѓи од мајка си. Кој татко би уживал во глетката како детето си копнее по живата мајка? Кој грижлив татко би дозволил да си ја сонува, иако е само километри од неа? Кој?

Животот тече понатака, тој по свој, таа по свој. Наводно прочитав дека ги навредувала социјалните работници и затоа детето ѝ е одземено. Нека е и така, ама знаете ли зошто? Болката на мајката не бира зборови… таа е посилна од се’, замисли ја чувствувам, а не сум ни мајка.

И боли… кога ќе видам како мајките размислуваат додека НЕмајките се сочувствуваат. Доста бре жени сте волци и сакате да се изедете меѓу себе.

Денес е Северина, утре можете да биде вие! Можам да бидам јас, другарка ми, снаа ми, било кој. И треба ли секогаш да се оправда одземањето? Не! Не треба.

Мајката го носи 9 месеци, дели последно залче за своето детенце, го дои и се поврзува со него. Не спие и бдее над него кога е болно, не спие и го мисли кога е излезено, чувствува кога детето е тажно или нервозно, се радува повеќе од него за секој успех кој ќе го добие.

И како знам јас сето ова? Бидејќи јас пораснав со мајка… а какво детство ќе има Александар? Ако не може да ужива со мајка си? Ако не може да ја слуша како му раскажува приказни? Како го чува и советува? Како?

Денеска го прочитав отвореното писмо на моја нова омилена писателка Ведрана Рудин, која ја опиша реалноста за жените, настрана таткото. Која ѝ укажа на борбата која ѝ следи и дека не смее да се предаде ниту за миг. Ведрана е жена без влакна на јазикот, баш каква што јас се обидувам некогаш да бидам, иако суптилна. Но, Ведрана поминала низ тој суров пат и е повеќе од достојна за да го каже тоа! А, без притоа ни најмалку да ја навреди или омаловажи нејзината земјакиња.

Северина, и јас сум со тебе. Ти си повеќе од пејачка, јавна ѕвезда, ти си човек и мајка пред се’. Можеби жена на жена е волк, но јас верувам дека постојат жени кои нема да те осудат, кои би покранале и петиција за да си го вратиш детето, кои ќе те поддржуваат и кои ќе се обидат на било кој начин да ти помогнат. Прости ми, јас не можам ни да ја замислам твојата болка, а не ни посакувам. Да не даде Господ никому такво зло.

Биди храбра и издржи, стисни си ги забите и стави ја најубавата насмевка што можеш да ја замислиш. Ти сјаеш, ти си ѕвезда… баш како што потврди и Ведрана. Ти ја опиша судбината на илјадници жени кроз твоите песни, иако тие вратија со осуда кон тебе. А, ти ќе им простиш. Сигурна сум… бидејќи ништо не е поважно од твоите деца.

Јас сум со тебе, а верувам и многу други мајки и помалку НЕмајки.

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 2.918 пати