Синоличка Трпкова: Ми раскажува татко ми, веќе 86 годишен…

Ми раскажува татко ми, веќе 86 годишен, за тоа како Шумарскиот институт го припоиле на факултетот и како успеале да создадат наставни кадри од него. Ми раскажа за училниците и кабинетите на факултетот, за теткиците, за Ружица секретарката. Ми кажа и како го средиле факултетот за три месеци после земјотресот и како Ректоратот им дал пари без да прашува…Ми раскажа и за Трубарево и за расадниците и фазанериите, па за Донка и Мито, брачен пар што се грижеле за нив. Зборуваше за птиците и природата и за важноста на науките што ги проучуваат. Има кроткост и стаменост во гласот. Сеуште му го слушам ентузијазмот останат меѓу секое земање здив. Не сум носталгична, туку среќна зашто сум дел од тоа минато. Ги препознавам боите на сите зборови што ги изговара. Пред да се поздравам ми вели – факултетите денес се оставени сами од себе да исчезнат. Ако нема кој да го замени професорот, умира предметот. На заминување ми остана една мисла во главата. Како од толкава потреба и сила за градење, негување, раснење, оплеменување, дојдовме до ова дереџе на уништување. Ништо од тоа што се создавало не останало…

Фејсбук статус: Синоличка Трпкова

Посетено 3.127 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!