Со војната нема заебанции, освен кога има…
Кал, прљав, темен и влажен ров. У пушката метаци, у ракијата антипсихотици.
Куче си на војната. Крволочна џуќела. Нож на коска.
Гинеш за да живеат твојте соборци, живееш за да гинат клетите душмани.
Они петоколонаши, вие шестоколоваши.
Крвава пот, крици и идни заложници на вечнио кошмар.
Искинат, даваш се од себе за земјата шо те роди и шо ќе те земе.
За татковината.
За едното име свето.
А после тоа гасеш твитер и одеш у Спорт Вижн да земеш нешто шо е на 98% попуст.
За слободата!!!
Посетено 411 пати