Во Париз е отворен првиот пловечки хотел и бар

OFF Paris Seine

Seine_Floating_Hotel_majkatiitatkoti

Атрактивен пловечки објект денес станува се повеќе присатен и пожелен,  па така и Париз го доби својот прв пловечки бутик хотел
на реката Сена со најубав поглед.
Пловечките проекти во светот зафатија замав, но во позитивен и многу атрактивен контекст. Така Париз неодамна стана побогат за првиот пловечки бутик хотел и тоа на самата реката Сена, кој всушност е  реновиран катамаран. OFF Paris Seine покрај необичното искуство, нуди 54 луксузно и модерно уредени соби, 4 апартмани и бар со панорамски поглед на реката и на шармантните париски пејзажи, на кои никој не може да му одолее. Интересниot дел на ова здание е фактот дека надворешниот изглед се трансформира и е подлежен на рефлексијата во однос на површината на водата и тоа во текот на целиот ден. Хотелот е поставен на најпопуларното париско место, 21-от арондисман, помеѓу d’Austerlitz i Gare De Lyon, или дел од градот кој неодамна доживеа значителен бум, кој се повеќе ги комбинира современите трендови со вредни и неизбежните историски моменти. Цените на собите во овој импресивен пловечки хотел, кој исто така има ресторан, прекрасна тераса и се разбира, базен, се движат 160-450 евра.

Seine_Floating_Hotel_3plutajucihotel02plovecki hotel_majkatiitatkotiSeine_Floating_Hotel_1
mondivi_baner_wide

 

Посетено 466 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!