Вчера гореше плуќата на Велес, а со тоа и мојата душа!
Пишував за Сибир, споделив статус за Бразил, ама најмнгоу боли ситуацијата со мојот Велес, градот од каде што потекнува дедо ми и нашето цело поколние… династијата Прличкови.
Да се пишува за Велес, за маалото Којник, за семејствата кои го прават овој град убав и личен, горд и бесхрабен… е можеби едно од најубавите работи кои еден горд чивек може да ги напише, после оние за родниот крај.
Но, што да напишам за пожарите во Велес, после се’ што се случи во Сибир и Бразил?
Шумата на Велес не ги означува белите светски дробови, но ја означува плуќата на Велес, онаа мала искра на надеж… Велес ја дели истата судбина со Скопје, кога зборуваме за нивото на загаденост, исто како и Тетово и Битола…
И додека ги гледав опожарените шуми, се гушеше и гореше мојата душа… од немоќност, од бес, од лутина, од страв, од тага, од вознемиреност…
Што правите бе луѓе? Кај ќе ви оди душата ако воопшто ја имате?
Дали светот ќе пишува за нас, дали светот ќе се моли за нас, стварно ми е сеедно. Сите сме во исти говна, сите сме дел од исто срање. Сите дишиме ист воздух, сите се справуваме со ист проблем…
И кога ќе престанеме да се молиме, а ќе почнеме да дејствуваме, тогаш можеби барем малку ќе го направиме светот симпатично место за живеење.