Утринско кафе со Зоран Спасов – Sоф
06:30. Шо би рекол Зеко – Стануем сабајле, нешто ме мучи… И мене ме мучи, сине – имам 15 кила вишак. Се качуам на статично бицикло и цепам петнаес километра или цирка 300 калории.
07:00 Влагам у кенеф. Прво глеам Гугл аналитики за сите дваесе и кусур сајта што www.clip.mk ги носи под мишка. Кој паднал, кој се качил, кој украл вести…
07:40 Го палам буфчето (иначе апликацијата на Грид), идам директ на најбољи твитои и не можам да се изначудам како овој народ сеуште или уопште има таква смисла за хумор. Туш, брич, Пино Силвестре и се враќам у кревет. Е, тука почнуе драмата; љубената више паркирала монументално и велелепно американо кафе создадено од Гаџиа машинчето што ги претвара мрсните арабика зрнца у божанствен срк. Да снесе чоек. Уз кафето нормално доаѓаат и витамини 50+, шумеќи Це, малце Утринска на Телма или Шареница на eРТеСе (срамота)…
Ова ми е дефинитивно најубавото кафе у текот на денот – сите следеќи се само бледа имитација.