Марина Макенаџиева


Марина Макенаџиева
– менаџер за продажба во Винер Лајф.

Денот го започнувам со утринско кафе  со колегите во 8:30 часот во “Every Day”. Тоа е традиција која ја практикувам веќе една година и за мене тоа е единствениот опуштен начин да е започне позитивно работниот ден. Што би се рекло кафето е најбитниот оброк во денот па нека помине во здрава атмосфера. Второто кафе го пијам по 12 часот со некој клиент или соработник во зависност од тоа како ми се одвиваат работните обрврски, но кафето секогаш е мало макијато. Потоа продолжувам со мојот ден, ретко пијам кафе во вечерните часови, но има и такви вечери кога би ја цитирала Американската писателка Луиза Меј Алкот – “Сега повеќе би сакала кафе отколку да примам некој комплимент “ 🙂

Посетено 5.261 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!