Срѓан Јаниќијевиќ

utrinsko julius

Срѓан Јаниќијевиќ
Срѓан Јаниќијевиќ

Има еден (викаат дека е тибетански тест) прилично е едноставен и е за оценување, осознавање на карактерот на оној што му го правиш тестот. Редиш пет термини, куче, маче, стаорец, кафе, море. Потоа, оној на кого му го правиш тестот зборува што мисли, чувствува итн. за секој термин посебно, тоа се запишува и на крајот му го објаснуваш значењето. Она што го кажал за секој термин посебно, означува еден дел од неговиот карактер. Нема сега да се бавам со цел тест, туку ќе се фокусирам на кафето. Јас на пример кога ме прашаа што мислам за кафето, иако претходно не сум размислувал посебно за мојот став кон тој напиток, ко од пушка испукав: Најубаво нешто во свет! Обожавам кафе! Не можам без кафе. Нема нешто подобро од кафе освен можеби… Чоколадо (а искрено не јадам многу чоколадо). Чоколадото како што видовме го нема во тестот.
И сега нормално, редно е да кажам што означува кафето, ама ушто поинтересно ќе биде ако тука, сите што го читате ова (а не сте го правеле тестов) си замислите точно што вам ви значи кафето, пред да го прочитате одговорот. За тоа тука ќе направам и мала пауза во пишувањето, а вие не брзајте надолу да прочитате пред време…


Ај сега да го видиме значењето на кафето

… Кафето значи што мислиш, чувствуваш и каков ти е односот кон СЕКСОТ. Разни одговори сум слушнал, на пример Дуковски кажа: Сакам секакво кафе, турско, макијато, еспресо, нес… Некои и се гадат од кафе (а не порекнаа дека истото на некој начин го мислат и за сексот). Многу од жените сакаат црно турско и јако… Итн.
Како и да е, после неколку години се оженив, по дома има стално неколку различни видови кафиња. И мислам дека открив што е чоколадото.

Посетено 1.930 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!