Урбаните легенди по градчињата ни рурални!!!
Нашата мила Македонија има триеспет градови. И у сите тие триеспет градови вртат едни исти приказни, исти урбани митови и легенди.
Содржина: Некоја невероватно спектакуларна ситуација што (проверено) се има случено на ‘едни луѓе’ ама никогаш на вас.
Примери:
-
го нападнале пет нимфоманки
-
завршил у кревет со близнаќињи
-
некоја ужасно секси риба што аутостопира, завршува у кревет со него, утредента се буди и глеа дека ја нема, за три дена дознава дека истата девојка е мртва со години
-
нашол новчаник со 1500 евра
-
вујко му од Канада му оставил 400 шлепера
-
седел у последна клупа, даскалот му рекол ‘Последна клупа, НАДВОР!!!’, ја извадил клупата надвор од училницата
Луѓе, две и седумнаеста е. Дај да смислиме други бајки, нема смисла веќе…
Посетено 1.005 пати