Една работа мора да ни биде јасна, тоа што сме дома, тоа сме и на улица, и обратно

Прееска си одам по Партизанска со Фанк, и некаде кај порта Буњаковец од позади ми приоѓа некоја цура со “Извини дечко…” се вртам, непозната личност, ми вика здраво, јас сум Мартина, извини шо вака ти упаѓам ама прееска те видов дека пушеше цигара и пикавецот го стаи у џеб, а сеа коа го фрли у контејнер и останатото ѓубре шо си го собрал по џебови, морав да те застанам да те поздравам…


Првин ми дое малце чудно, но ми текна дека сме општество без здрави навики.
Разврзавме два реда муабет, се поздравивме и секој по својот пат.
Една работа мора да ни биде јасна, тоа што сме дома, тоа сме и на улица, и обратно.
Здравите навики не болат.
Јас, Мартина и еден дел од општеството го знаеме тоа.

Научи и ТИ, #НеБидиЃубре

Valon Qerimi

Посетено 401 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!