Со шо ги ранете децата???

Одам преска по цигари, глеам основците искачаат на голем одмор. Нормално, најгласни се џомбите-осмоодделенци, полуматурантските-Конани.

Ги посматрам така ја, и да ти кажам право, слободно можат:

  • да кренат плоча од куќа за 15 минути
  • да средат 12 кубика дрва за 10 минути
  • да ме тепаат сите до оден, сам по сам
  • да изедат 40 хамбургери у рекордно време
  • да се сликаат за матурално табло и никој ништо да примети
  • да купат тамче пиво без притоа никој да им побара лична карта

*Аргентински батаци, калифорниски лососи, смоки и кисело млеко и цистерна Кока-Кола. Секоја чест Конани

Посетено 1.866 пати