Симптоми и превенција на топлотен удар

Покрај тоа што топлотната истоштеност не е толку сериозно нарушување како топлотниот удар, таа во никој случај не смее да се потценува, бидејќи може да премине во топлотен удар, кој нелекуван во телото може да предизвика трајни оштетувања
[dropcap]П[/dropcap]ремореноста од топлина и топлотен удар се најчестите заболувања поради преголема изложеност на топлина и сонце особено во најтоплиот период од денот или пак, поради физичка работа или вежбање за време на горештините, но и поради загубата на вода во организмот.
simptomi-i-prevencija-na-toploten-udar
„Доколку топлотната исцрпеност не е лекувана, може да резултира со топлотен удар.“
Истоштеноста од топлина е поблага форма на нарушување поврзано со преголема изложеност на топлина. Овој вид на измореност може да се јави дури и по неколку дена од изложеноста на високи температури и недоволна и несоодветна хидратација на организмот. Топлотната истоштеност е тесно поврзана со топлотниот индекс, кој е мерка за топлината од комбинација на релативната влажност на воздухот и температурата на воздухот. Релативната влажност од 60% или повеќе, го попречува испарувањето на потта, а со тоа и способноста на телото да се олади. Ризикот од топлотна исцрпеност драстично се зголемува кога топлотниот индекс се качува сè до 90 степени и повеќе. Затоа многу е важно, особено за време на топлите бранови, да се следи временската прогноза и извештајот за топлотниот индекс.
Исто така треба да се има предвид дека топлотниот индекс е поголем кога се стои директно под сончевите зраци. Покрај тоа што топлотната истоштеност не е толку сериозно нарушување како топлотниот удар, таа во никој случај не смее да се потценува, бидејќи може да премине во топлотен удар. Луѓето кои имале топлотна истоштеност, потоа се поосетливи на високи температури во текот на наредните неколку дена. Затоа препорачливо е во тој период да немате голем физички напор и да ги следите советите од лекарот.

[button color=”#000″ background=”#9bc832″ size=”large” src=”http://pharmanews.mk/simptomi-i-prevencija-na-toploten-udar#mit_link”]Дознајте што е топлотна истоштеност а што топлотен удар?[/button]

595x90

Посетено 1.279 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.