Силвија искрено за внукот Ненад: „Фамилијата Марковски“ во „Еден на Еден“ (Видео)

Најпопуларното македонско семејство, „Фамилијата Марковски“ се врати во „Еден на Еден“. Во недела, од 18.30, на Канал 5 ќе ги гледаме Силвија Стојановска (Лиле), Александар Микиќ (Иван) и Петар Петковски (Бојан).

Оваа недела, и еден добро познат глас ни се враќа во „Еден на Еден“, а тоа е гласот на Спасе.

Актерите од „Фамилијата Марковски“, освен интересни муабети од зад камерите на серијата, се покажаа и како талентирани пејачи со еден убав евергрин, „Лиду Ду“ од Маја Оџаклиевска. Гуру Харе бендот во оваа песна доби уште еден член, Петар Петкоски, кој свиреше гитара со нив.

Силвија за прв пат во „Еден на Еден“ прозборе за приватниот живот. Со многу емоции, таа раскажа за својот внук Ненад од постарата ќерка Јана кој е роден пред време и откри дека била против тој да се вика Ненад, како нејзиниот покоен сопруг.

И Александар Микиќ откри уште еден свое необично хоби, друштвена игра која самиот ја креирал. Не пропуштјате ги актерите од „Фамилијата Марковски“, во недела од 18.30 на Канал 5, а до тогаш, погледнете ја најавата за емисијата.

Посетено 299 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!