Си сретнал ли жена која те голта целиот? Која е причината за тишината околу тебе, дури и да се наоѓаш во најголемата гужва?

Си сретнал ли жена која те голта целиот? Која е причината за тишината околу тебе, дури и да се наоѓаш во најголемата гужва? Истата, која ќе направи срцето ти да чука на места, за кои не си имал и претстава дека е возможно да го осетиш? Јасно. Впечатливо. Категорично. И светот станува различен. А воздухот е сладок, како ванила и има вкус на капучино со малку кокос – ете така, за вкус. Гледаш како меурчињата од пената лесно пукаат по работ на нејзините усни. Да! Баш тоа аголче сакаш да го бакнеш прво, а после да ја собираш пената… долго, толку долго, додека светот не заборави да се врти… или не… ќе се заврти толку брзо како балерината – рингишпил од детството… Господи! Беше одамна! Сега се губиш во сон од темнината на тие две очи, а косата има мирис… на неа! Сакаш да го имаат твојот мирис, да потонуваш во тој мрак… и нејзината фигура, кога ја прегрнуваш, да се спојува со твојата. На сон. Барем на сон.

Си имал ли жена… која ги натерала твоите сетила да го сменат значењето? Ја гледаш со срцето. И ја слушаш со душата. Времето запира, зошто нема власт над таква жена. Таа е слатка како она капучино со кокос… Си ја испил. Паметиш?! Во онаа ноќ, кога месечната беше цела, а есенските лисја беа облека на Земјата… или беше лето, јако и топло… како неа. Плачела ли за тебе таква жена? Таа која ја знае цената на солзата. И може да ти ја испрати во писмо… зборовите плачат со тебе и место тебе. Заедно со неа.
Си заслужил ли да си во прегратката на таква жена? Која го чува твојот ден. Нејзиниот ден е твојот ден, зошто ти си во него. Ништо друго нема значење… Само ноќта, кога нејзините прсти лесно го допираат твоето лице. Запират на усните… клепките треперат, а нејзините очи се затворени… Зошто таа гледа со рацете и чувствува со срцето. А усните, усните и се како вода која ти се лее по целото тело… и во твојата душа.

Си тргнала ли од тебе таква жена?! Кажи ми? Не станува збор за неа. Станува збор за тебе. За оној момент кога одиш сам по улица и нечиј глас го крши огледалото на тишината. Нејзниот глас… Господи! Не! Личи на нејзиниот. И си помислуваш на улицата, есенските листа, нежниот ветер и нејзината раката во твојата. Не паметиш што ти раскажуваше… ја паметиш јачината на зборовите и колку беше среќна. Одиш обратно по стапките на времето. Оној лик на сликата во твојот паричник толку личи на нејзе. Мирисот на кафе и нејзниот парфем… Колку пати и бил единствената облека.

И имаш иднина во минато време, за да ја делкаш тежината од зборовите. И имаш лузна од време, длабока како остатокот од еден живот, за да се присетуваш.
Насмеј се. Си ја имал. Некогаш… И си заминала. Засекогаш!

Ivana Ivanchy

Посетено 2.801 пати