Сето ова е последица на немањето индивидуална одговорност на чинителите на ова општество, нешто што ни се провлекува историски

Не сум воопшто изненаден од ова што ни се случува во општеството, дури искрен да бидам во еден момент помислив дека сме се надминале, но за жал погрешив…

Сето ова е последица на немањето индивидуална одговорност на чинителите на ова општество, нешто што ни се провлекува историски, затоа што полесно е во група да си јак, да нападнеш, да ги обвиниш другите, различните, но не и да прифатиш одговорност!

Е тоа последното, не прифаќањето лична одговорност не дотера до овде.

Последни моменти се да си ставите прст на глава!!!

Да престанете со глупи теории на заговор, да престанете да ја обвинувате другата страна( политички, етнички, верски) да си понесете секој еден лична одговорност без да гледате во дворот на комшијата.

Напишав уште пред месец и повеќе, дека лично превземам се што можам да се заштитам себе си, моето семејство, моите пациенти, повеќе од тоа не можам да направам!

Што правите вие?!

Ме загрозувате и мене и себе си и своите блиски!

Помислувате ли дека се продолжува агонијата на многу семејства што во моментов и не се знае до кога нема од што да егзистираат, се останати без приходи, без работа?

Децата ни останаа надвор од образовен процес, кој се последиците од тоа, дали сте свесни?

Не сакам да се замарам веќе со темава, излишно ми е…

Господ на помош!

Доста е веќе!

Фејсбук статус на Д-р Александар Стојкоски

Посетено 979 пати