Роже направи „Берлински ѕид“ од 1 тон чоколадо, па го скрши со чекан и го раздаде на случајните минувачи (ВИДЕО)
Француски експерт за чоколадо Патрик Роже по повод прославата 30 години од падот на Берлинскиот ѕид, направи реплика од изданието од чоколадо. Роже откако го направи чоколадниот ѕид ги послужи граѓаните, пренесува „Радио Френс енфо“.
Чоколадниот ѕид е долг шест и висок три метри. Тој бил поставен на улица во Париз, а денес авторот на делото, со чекан го кршеше чоколадото на парчиња и ги раздаваше на случајните минувачи.
Роже изјавил дека употребил еден тон чоколадо за да го направи ѕидот. На него имало шари идентични на оние какви што имал Берлинскиот ѕид. Ги имало имињата на градовите и други натписи.
Чоколадниот ѕид е пробиен како берлинскиот. Роже и неговите помошници со чекан удираа по него за да го скршат.
Погледнете го видеото и уверете се: