Приказната за една верверичка која има кревет за спиење направен специјално за неа!

Колку е слатко да гледате како верверичката си користи мал мек човечки кревет? Па, преслатко е! Шерон Кутлер, фотограф, ги оковечила ваквите моменти во својот двор кои го топат срцето. Верверичката си го мести креветчето и си го подготвува за спиење!

Не само што има постелнина, перниче и јорганче, туку има и свое мече за убав сон. Кутлер направила се’ да изгледа толку веродостојно, но и меко и од омиленото дрво на верверичката, што дури и самото животинче не може да го сокрие своето воодушевување.

Вервиричката го добила името Кирил и ѝ требало доста време да оцени дали креветот е потполно безбеден и „според нејзиниот стандард“, кога неодоливо почнала да го истражува.

Кирил иначе живее во шумата во близина и со драго срце свратува со цел да си го посети својот кревет и малку да одмори. Но, благодарение на фотографот, и ние можеме да уживаме во магичните кадри на нејзината попладневна дремка.

Но, тоа не е се!

Кирил има и своја бања:

Фотографиите се во сопственост на Sharon Cutler

Посетено 787 пати