Сјаши Курто да узјаше Мурто – Перо Камиказа од Меморија го искажа своето мислење за да ни ги скрати маките околу Нова Година и настапите на плоштад

Јаве или сон🤔

Во 2017 година во првата половина на септември ми се јавува некој лик и вика: Добар ден, јас сум градоначалникот на Прилеп и сакам да ви предложам нешто во врска со настап на Меморија за 11 октомври, знам дека сте вие патриоти и би било убаво на плоштадот да отсвирите две три песни!!!
Јас му викам: Ок, 50 000 евра😁.

А, он: Па, Цеца бара толку за настап за пиво фест?!
А јас со предлог: Еве се согласувам без надомест да ѝ ги дадеме песните од Меморија на Цеца да ги спреми и како „патриотка” да ви ги отпее😀Чисто онака!!!!
Ми вика: Ти ме зезаш…
А ја: Озбилно, нема проблем само Цеца да се согласи😁

Молк… па, продолжува јавувачот: Ќе трчаш оваа година на Крали Марко?!
Ја: Да!!!
Тогаш градот Прилеп ке ти додели награда за посебни заслуги во спортот!!!
А ја прашувам: Кој ќе ми ја додели наградата??
Гласот вика: Па, јас, градоначалникот!!!
10 000 евра е цената да се сликаш со мене, а парите ќе ги донирам во домот за деца без родители, му одговарам😀

Од другата страна се слуша: ТиТиТиТи… Фала богу, ја исцрпи дискусијава ликов или градоначалникот, кој нит го познавам, а нит сум го видел некогаш… Можеби било лажна дојава…. Но… да знае дека секоја година трчам на Крали Марко!?

Ова, да ви ги скратам маките околу Нова Година и настапите на плоштад. Сјаши Курто да узјаше Мурто, или со скопски жаргон: Исти к…. друго паковање😂😂😂

Срекња нова 2020, Другари и Другарки или Дами И Господо😀😀😀🥂🎸

Искрено ваш:🙏 Петар Георгиевски – Камиказа 🎸

Посетено 2.502 пати