Постојат жени кои повеќе не се плашат!

Во овој не така голем свет, кој постојано бара да се вклопиме во некакви шаблони, тешко можеме да бидеме она што сме. Најлошо од сѐ е тоа што сме навикнале да го бараме својот одраз во туѓите очи.

Меѓутоа, постојат жени кои повеќе не се плашат.

Прочитајте ја оваа искрена приказна на Марина Степанченко, која е психолог и поетеса.

Постојат такви жени

Постојат жени кои повеќе не се плашат. Тие знаат дека е доцна за страв од тоа да не му се допаднат некому, да не одговараат некому, да нешто знаат, а сепак да не успеале. Тие веќе не се плашат да признаат дека не умеат да направат „Наполеон“ торта, да спремат пилав или убаво да нанесат туш на очите.

Тие не се плашат да прашаат. Не се плашат дека нема да изгледаат убаво и нема да бидат модерни ова лето или есен. Тоа ним не им е важно. Во нивниот живот, таквите работи се сѐ помалку. Повеќе не им е важно да изгледаат совршено. Сосема убаво можат да изгледаат и вака. Знаат дека убавината е одвнатре. И не се плашат дека ќе потонат во себе затоа што одамна го живеат својот внатрешен живот. Не се срамат за заплачат – од тага или радост, а умеат и да се смејат.

Предоцна е да се плашат од белите влакна. Не им се први. Сега ги добиваат само од насмевките. Доцна е да се плашат што за нив мислат колегите, свекрвата, останатите луѓе.

Одамна не се трудат сѐ да им биде чисто и испрано. Не се плашат дали има глутен или нема. Јадат што им се допаѓа, дури и навечер. И воопшто не се срамат. Тие знаат дека пиењето и пушењето не е штетно. Штетно е да не дишеш, да не сакаш.

Сеедно им е дали тој дошол во седум или девет навечер. Само да ги сака и да брза да им се врати. А, најглавно – да постои. Веќе не се плашат ни да останат сами. Умеат да не го видат оној кој не ги приметува и да си одат, кога некој ги одбива.

Знаат што да кажат и што да премолчат.

Имаат за што да се молат. Сѐ прават од срце. Тие се мелем за некого. Не се плашат да покажат дека се глупави, дебели, слаби. Одамна престанале да се покажуваат и почнале да бидат она што се.

Го работат тоа што го сакаат. Сакаат кого сакаат. Спијат со оној за кој не ни сонувале, ако тоа навистина го посакуваат.

Зборуваат отворено, без заобиколување, за другите и за себе. Не исправуваат криви Дрини, но не се покоруваат никому. На будалите им гледаат низ прсти. Ја слушаат тишината.

Горчкото чоколадо им е слатко. Тие умеат да го ценат времето – утрото, денот, ноќта. Не ја присилуваат ќерката, не го советуваат синот. Ја гледаат својата работа. Умееат да бидат сами со себе.

Веќе не го обвинуваат татко си, ја сакаат мајка си. Не се плашат од смртта, затоа што се живи.

Постојат жени кои веќе не се плашат.

Мене ми е уште рано. Или ми е страв….

Извор

Посетено 192 пати