Не можеш преку ноќ да станеш копиле, ниту пак кучка – Можеш само да глумиш дека си таков

Жените се вакви, мажите онакви. Пола живот како возрасни го поминуваме во префрлување на топката на другиот дел од теренот за да се чувствуваме подобро и да избегаме од одговорноста на сопствените грешки. Генерализираме, анализираме, стереотипизираме, наместо да се опуштиме и да го живееме животот без бариери и предрасуди

skopje-seks-sakanje-2_majkatiitatkoti

Многу често се смеам на муабетот: „Лесно ти е тебе, без памет!“ и сфаќам дека на луѓето „без памет“ стварно им е лесно. Нит се замараат да разберат нешто што не треба да го разберат, нит пак нешто посебно се потресуваат ако некои работи не идат. Сфатив и дека не е се’ и во искуството, туку понекогаш треба и време да помине за да ти легне жетонот. На пример, после муабет со еден постар пријател од странство на оваа тема, добив совет дека и не треба бе секогаш да можеме да си ги разбереме партнерите. Зошто упорно се обидуваме да анализираме и да сфатиме како некој друг функционира? Зошто мораме некого да разбереме каков е за да можеме да го прифатиме? Јас барем знам дека сум ја направил оваа грешка и дека резултатите биле катастрофални. Упорно со глава во ѕид, а зошто? За да ја задоволам потребата на мозокот дека се’ има причина и дека зад секое дејство има логика. Епа, нема. Или можеби има ама сум преглуп да ја сфатам.

И тоа е во ред. Не е ништо страшно, нели? Учиме од грешките. Гледаме холивудски филмови за тоа дека е супер да пушташ водичка на, па дури и да се гледаш/рокаш со сто луѓе одеднаш, бидејќи, нели, животот е прекраток, луѓето се катиљ и додека не сме сто проценти сигурни не треба да се посветиме некому, пошто, не дај Боже некој да не’ повреди, е тек тогаш што ќе правиме? Истите овие прозападни размислувања денес доведоа до појава на услуга во форма на веб страница, каде што не само сексот, кој одамна незаконски се нуди на аукција, туку сега и бркањето/додворувањето/излегувањето (процесот на „дејтинг“) има своја цена. Да, да, дами и господа, веќе има легален начин да си платиш за да излезеш со некого. Само треба да си ја наведеш цената и мука немаш! Ти си грд, а имаш пари, таа е топ, а и требаат пари – проблемот решен, сите среќни!

На ова се сведе западното општество. На немање време да се запознае нормална личност, на нормален начин, па сега ќе наддаваме за да може да се плесне нешто. И во Скопје сме исти. Живееме на висока нога, секој се фали дека нешто прави, а на крајот остануваат сите исфрустрирани и испатени, а животот си го живеат луѓе кои не размислуваат за последиците. Па измислуваме теории… да, да. Цели теории за тоа како функционира светот и дури успеваме и себе да се убедиме, па и другите да ги убедиме за нивната веродостојност. Абе чудо едно.

Неодамна кажав дека има два типа на ситуации кога машко ќе почне нешто со девојка. Или од прва ќе знае дека сака да биде со неа и одма ќе направи се’ за да почнат врска од сам почеток, или ќе сака да си остане тоа на мување/ковање. На ова би надоврзувал муабет од една другарка дека ако со некој почнеш од сам старт само да се муваш тука веќе нема леб. Нели, се’ ова од лични искуства. И можеби и така е. Можеби тоа е правилото. Можеби сите случаи каде што ќе слушнете нешто поразлично се само исклучоци на правилото. Лично верувам дека треба да сме реални. На запад треба многу време да помине уз гледање за некој да се осуди да започне врска, но во Македонија не е баш така. Не функционираме ние така. Проблемите настануваат кога се обидуваме да бидеме нешто што не сме, кога живееме за да исполниме нечии туѓи, наметнати, нам вештачки норми. Правете тоа што сакате, бидете и себични ако треба, но немојте намерно да повредувате. Ако нешто не бива, не давајте лажни надежи само за да ви се наполни егото, а ако нешто сметате дека вреди борете се за тоа до сам крај додека не ви светне дека џабе везете.

Јас сепак стојам за тоа дека луѓето се такви какви што се. Не можеш преку ноќ да станеш копиле, ниту пак кучка – можеш само да глумиш дека си таков и на крај да направиш повеќе пиздарии отколку добро. А ако си нечувствително гомно, ондак не се труди да бидеш светец и биди си доследен на репутацијата, пошто барем така ќе знаеш точно на што си, ако воопшто се најде некоја пациентка која ќе те сака таков каков што си. Да, најлесно е за машко да мисли со стапот, пошто нели, секс и сакање немаат врска едно со друго, но изгледа сите забораваме дека мајка природа преку крвотокот го поврзала тој ист горд машки член со најважниот орган во нашето тело – срцето. Е кога некоја ќе успее таму да ве погоди, па макар и преку долната глава, е тек тогаш ќе видите дека заљубеноста може да се прошири низ цело ваше битие побрзо од ебола во Африка!

Посетено 6.470 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!