Курс за мажи (од женски агол)
Се’ си е уредно по поглавја, само кој да го примени е работава…
Прво поглавје
- Да научи како да живее без мајка му (2.000 часа)
- Мојата жена не е моја мајка (350 часа)
- Како да сфати дека фудбалот е само спорт (500 часа)
Второ поглавје
- Да не претерува со храната и пиењето (500 часа)
- Како да го превладее синдромот на далечинскиот управувач (550 часа)
- Како да преживее настинка без драка (100 часа)
Трето поглавје
- Како да си испегла маица за помалку од 2 часа (практична работа)
- Како да ја користи храната без ждригање (практична работа)
- Како да не уринира околу WC школката (практична работа)
Четврто поглавје
- Почетнички степен: куќни апарати – ON(уклучи) и OFF (исклучи)
- И за напредните: Мојата прва супа од ќесичка без да претече (практична работа)
Теми за дискусија: Со оглед на комплексноста на темата, може да учествуваат најмногу 8 кандидати:
- Тема 1: Пеглање – од машината за алишта до ормарот… тој е оној мистериозен процес.
- Тема 2: Опасност при перење на садови и бришење на истите (демострација).
- Тема 3: Ти и поправките – Економските и животните предности кога едноставно се повикува сооедветен мајстор.
- Тема 4: Последното научно откритие – Готвење и исфрлање на ѓубрето – НЕ предизвикува импотенција.
- Тема 5: Иако си во брак со неа, смееш да ѝ купиш цвеќе (разговор со психијатар).
- Тема 6: Хартија за во тоалет – Дали знаете дека хартијата сама расте на држачот за хартија?
- Тема 7: Како да го спуштите капакот од WC школката – Чекор по чекор (видео конференција со Харвард).
- Тема 8: Детергенти и омекнувачи – Дозирање и употреба (практичната работа се одвива на отворено).
- Тема 9: Основната разлика помеѓу кантите за валкана облека и подот (лабараториски експеримент).
- Тема 10: Мажот како совозач – Дали е практично возможно да не коментира додека таа го паркира возилото? (Курс на хипноза)
- Тема 11: Комуникација – Ментални вежни за разбирање, ако некое нешто е во фиока, да не се прашува „а, во која?“ туку да се обиде да сам да го пронајде.
- Тема 12: Дали филџанот за кафе може сам да прелета до мијалникот? (практичниот дел го води Дејвид Коперфилд)
Курсот е преземен од тука.
Посетено 180 пати