Што да направиш ако жена плаче?

„Ако жена плаче“ – инструкции за мажите

1. За почеток одреди чија жена плаче. Ако е туѓа жена, тогаш опасно е да ја тешиш. Ако е сингл – можеш да ја земеш за себе. А ако жената и понатаму плаче, тогаш е потполно јасно дека тоа го прави од среќа.

2. Ако твојата жена плаче, тогаш не треба да ја оставиш сама, затоа што можат другите да помислат дека е сингл. Биди максимално внимателен спрема нејзе. Одалечи се до она растојание од каде нејзиниот глас нема да се слуша, но не ја испуштај од вид – користи двоглед.

3. Постојат низа прашања кои никако не смееш да и’ ги поставиш на расплакана жена како на пример: „Што сакаш?“, „Кој е крив?“, „Што да правам?“. Одговорот на првото прашање силно ќе те удри по паричникот, а оние другите две по твојата самодоверба.

4. Како одговор на женските солзи не треба никаде да бегаш, никого да спасуваш, ниту да казнуваш. Затоа што сигурно ќе се испостави дека не требало да бегаш на друга страна, спасувајќи некој друг и правејќи се’ спротивно.

5. Не треба да даваш подароци на расплакана жена. Тоа е лоша и погрешна навика. Подобро дај и’ едно пакување обични марамичиња. Запамти дека подароците се даваат само кога жената е среќна. Така се создава користен условен рефклес и пријатно чувство.

6. Ако направи се’ по овие инструкции, а жената и понатаму плаче и притоа не оди кај никој друг, тоа значи дека и’ е потребно токму ти да ја утешиш. Затоа остави го двогледот на страна и доближи и’ се.

7. Не е потребно да влагаш подлабоко во се’ она што го зборува расплаканата жена. Доволно е да воздивнеш во неколку паузи и нежно да ја гушнеш измеѓу нив.

8. Полн погодок е ако во право време пуштиш солза низ твојот неизбричен обрзаз. Во таквите моменти, жената заборава на сите свои проблеми и автоматски почнува да те теши.

Види извор

П.С. И Вие расплаканите мажи ќе дојдете на ред…

Посетено 164 пати