Поради оваа асоцијација во квизот „Слагалица“, цела Србија се изнасмеа! (Видео)

За љубителите на квизовите, како домашните, така и странските, квизот „Слагалица“ сигурно не е непознат поим. Но, и за оние кои помалку се „заинтересирани“ за ваков тип на забава и едукација.

Она што го привлече нашето внимание е асоцијацијата поради која цела Србија се згази од смеење.

Па погледнете и зошто:

Имено, при решавањето на колоните за асоцијација, учесниците Никола и Драгица, наизменично ја отварале колоната G, во која биле испишани асоцијациите: цигара, ручек, одмор, а последната гласела: Дом за здравство.

Конечното решение било: пауза, што предизвикало огромна смеа на социјалните мрежи, имајќи предвид дека тој збор, дури и кога се работи за Домот за здравство, е нешто што стана вообичаено.

За тоа и сведочи и твиот на Иван Миленковиќ, кој е ретвитуван повеќе од 400 пати и со речиси 3.500 лајкови.

Посетено 1.388 пати