Пливањето и многубројните придобивки

Летниот период е одличен за да започнете со пливање, спорт кој ќе ве освежи во жешките летни денови и ве направи поздрави

[dropcap]П[/dropcap]ливањето е еден од најпопуларните и најзабавните летни спортови. Тоа е одличен избор за да останете во форма или да ја добиете посакуваната тежина, да бидете поздрави, да се дружите, итн. Пливањето ги активира сите мускули во нашето тело и е одлично како за телото така и за умот.

plivanjeto-i-mnogubrojnite-dobivki

Пливањето и здравствените придобивки

Пливањето е спорт кој влијае врз нашето здравје на позитивен начин. Прави да се чувствуваме подобро, освежено, со повеќе енергија, додека истовремено се забавуваме. Ова се некои од здравствените придобивки од пливањето:

  • го намалува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и тип 2 дијабетес;
  • не ослободува од стресот;
  • помага во одржувањето на здраво срце и здрави бели дробови;
  • ги зајакнува мускулите и помага во одржување на здрава телесна тежина;
  • се препорачува за луѓето кои страдаат од артритис или други проблеми со зглобовите затоа што ги заштитува од напорот за време на пливањето (што не е случај со останатите земјени спортови);
  • помага во одржувањето на психичкото здравје.

[button color=”#000″ background=”#9bc832″ size=”large” src=”http://pharmanews.mk/plivanjeto-i-mnogubrojnite-dobivki/”]Пливањето како рекреација и контрола на телесната тежина [/button]

Посетено 505 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!