Пензионер ги претворил тракторот и бочвите во вовче со кое ги превезува уличните кучиња

Кога Евгениј Бостик се пензионирал, не знаел како да си ги исполни своите денови. На сета среќа, уличните кучиња му дале прекрасна идеја.

Одговорот му дошол еден ден во шталата. Коњите звучеле како да се нешто вознемирени, па тој отишол да провери што се случува.

Во шталата пронашол куче кое е изгледало болно. Се чинело дека некој се шмугнал и го оставил таму. Тоа не било прв да се случи такво нешто. Бостик го однел кучето дома и го нахранил, а ова веднаш живнало. Инаку Бостик напуштените кучиња ги носел во стационар, но овој пат се одлучил кучето да го задржи за себе.

Во текот на годината, Бостик често пати наоѓал напуштени кучиња на својата фарма и сите ги задржал. Кучињата му станале одлично друштво во пензија, а нив им било убаво со него. Дури почнал да смислува необични начини да ги забавува.

Рекол: „Еден ден видов човек со трактор на кој прикачил количка како би превезувал камења. Помислив дека можам сам да направам вовче за кучиња“.

На цела среќа, Бостик имал и мал трактор. Зел неколку пластични буриња, на нив монтирал куки и така направил вовче за своите кучиња. Секоја недела, секое од неговите девет кучиња се качува во својот „вагон“ и оди на прошетка до градот. Кучињата уживаат во новите погледи и возења со својот сопственик. Бостик кажал дека кучињата многу се возбудуваат кога и да го видат тракторот.

Бостик исто така станал атракција и за сите во градот кои се веселат на секоја нова вожња. Поради овој добар човек, многу кучиња си го пронашле својот дом, но и почувствувале вистинска љубов.

Посетено 3.081 пати